top of page

Acerca de

388130957.jpg

СРБИЈА

Хотел ZEPTER 4* - Врњачка Бања

Во Врњачка Бања има седум минерални извори. Тоа се: Топла вода, Слатина, Снежник, Езеро, Борјак, Бел извор и Врњачко врело, од кои четири се користат за терапии (Топла вода, Снежник, Езеро и Слатина), додека водите од три извори се флашираат како природни минерални води (Врњци – Борјак, Борјак 3 и Белимарковац за Елемент вода).

1 ден | 06.03.2025 | четврток

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата на спортска сала во Битола во 23:30 часот. Поаѓање за Србија во 23 45 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден | 07.03.2025 | петок

Пристигнување во Врњачка Бања во раните утрински часови . Следува пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот сместување во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење  на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.  

3 ден | 08.03.2025 | сабота

Појадок. Слободно време за индивидуални активности, можност за користење на СПА содржините во цената. Ноќевање.

4 ден | 09.03.2025 | недела

Појадок. По појадокот можност за факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа  што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА на АРАНЖМАНОТ: 9.550,00 денари

Во цената е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел Цептер 4* , 2 ноќевања со поjaдок
– Секојдневно користење на Велнес и Спа центар
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.

Во цената не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурвање;
– Доплата за туристичка такса 3 евра за 2 ноќи
– Факултативна посета на манастирот Жица – 15€
– Доплата за еднокреветна соба – 30 евра ден на цената на аранжманот
– Доплата за свечена вечера – 30 евра по лице

– Трансфер од Охрид – 15 евра 

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:
Адреса: Бул. Македонски Просветители бр.3

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965 (Viber & WhatsApp)

Е-пошта: intravel@t.mk

Skype: intertravel-ohrid

  • Facebook
  • Instagram
bottom of page