top of page

HOTEL JENNY 3* - SIVIRI

ОПИС:
Хотелот Џени Сивири се наоѓа на околу 200 метри од добро уредената плажа и на околу 50 метри од центарот на Сивири, на главната улица. Во близина на хотелот Џени има локална автобуска станица. Собите се чистат секојдневно, а постелнината се менува на секои три дена. Храната во хотелот е повеќе балканска отколку грчка, со оглед на тоа што сопственици и готвачи се македонци. Хотелот Џени Сивири им го препорачуваме на семејствата кои бараат економичен одмор на Халкидики, недалеку од плажата и центарот на сите настани, а во него може да се сместат и петчлени семејства.

Оброци: појадок и вечера - шведска маса.

Две деца бесплатно.

 
СОДРЖИНА:
Рецепција, надворешен базен, детски базен, бар покрај базен, снек бар, Wi-Fi интернет, чадори и лежалки покрај базен, простор за скара, градина, изнајмување автомобили, туристичко биро, паркинг.
 
СОДРЖИНА НА СОБАТА:
Бања, клима, мини-бар, фрижидер, ТВ, балкон со седење, Wi-Fi интернет
 
ЛОКАЦИЈА:

GOOGLE MAPS ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

jenny.png

Плаќањето е во денарска противвредност (1 € = 62.00 МКД).

На промо цените не следува попуст.

 

Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во соба кои плаќаат полна сума
Услуга полупансион (појадок и вечера)
Сместување во соба 1/2+2 = 1 голем (брачен) кревет + 2 единечни кревети


Прво и второ дете до 11.99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
Деца од 12 години до 15,99 г. со двајца возрасни на редовно легло има попуст од  70 % од цената во табелата.
Трет и четврт возрасен и дете со полни 16 години, плаќаат по 50% од цената во табелата.
Дете од 3 до 8 години како 5 то лице во соба доплата 100 €  во кревет со родител
Бебешко креветче – бесплатно (на барање)

Во цената Е вклучено:
– 7 полупансиони (шведска маса)
– Клима уред
– Безжичен интернет
– Користење отворен базен со слатка вода
– Бесплатно лежалки, чадори на базен во хотелот
– Детски дел во дворот на хотелот

 

Во цената НЕ Е вклучено:
– Превоз
– Патничко осигурување (задолжително е да се има)
– Туристичка такса 3 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

 

Напомени !
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до пред хотелот.
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
Сместување во собите е после 14;00 часот (локално време)
Напуштање на собите е до 10;00 часот (локално време)
За уплатени два аранжмани 7+7 попуст 7% на вториот аранжман (не се комбинира)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во хотелот
Попустите не може да се комбинираат,
Сместувањето е согласно капацитетот на кревети (договорот за патување)
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.

 

Полупансион:
Појадок 08:00-10:00 часот – шведска маса (локално време)
Вечера   19:00-21:00 часот –  шведска маса (локално време)

Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до Халкидики:

–         Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице (04:00ч.)

–         Велес (бензинска пумпа Макпетрол-кружен тек) – 45€ по лице (04:30ч.)

–         Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 60€ по лице (03:40ч.)

–         Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 45€ по лице (05:00ч.)

–         Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 45€ по лице (06:00ч.)

–         Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон) – 40€ по лице (04:00ч.)

–         Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола – 40€ по лице (03:15ч.)

–         Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола – 50€ по лице (02:15ч.)

–         Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 50€ по лице (02:30ч.)

–         Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 50€ по лице (03:15ч.)

 

–         Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена

–         Деца до 1,99 години – бесплатно (не користат седиште)

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe.
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Секој дополнителен багаж се наплаќа 10€ по куфер

Цените се по ЛИЦЕ за 7 полупансиони
Прво и второ дете до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО

bottom of page