СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ТУРИСТИЧКАТА ТАКСА ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА

 

Почитувани патници. 
Би сакале да Ве информираме дека почнувајќи од 1. јануари 2018 година сите хотели, вили, апартмани, студија и соби за изнајмување во Грција должни се на гостите да им наплаќаат данок за престој-таканаречена туристичка такса. Во Италија висината на туристичката такса се движи од 2-7 евра од ден, во Шпанија од 0,45-2,25 евра, во Црна Гора 1 евро од ден, во Србија од 50-140,00 динари, зависно од категоријата на туристичкото место.

 

Во официјалното соопштение на Министерството за финансии во Грција е наведено следното:

 

За кој тип на туристичко сместување се наплаќа туристичка такса?

Плаќањето на туристичката такса е воведено во хотелите од 1-5 ѕвезди, како и во останатите сместувачки капацитети (апартмани, соби, посебни вили) кои примаат гости на еден или повеќе денови. Во камповите и посебно одредените места за сместување туристичка такса не се наплаќа.


Колку изнесува туристичката такса? Дали се плаќа по сместувачки капацитет или по лице?

Туристичката такса се пресместува како фиксен износ по ден и по сместувачки капацитет- не по лице. Во зависност од типот на сместувањето изнесува:

4 €  по соба дневно за хотелите со  5 ѕвезди
3 €  по соба дневно за хотелите со  4 ѕвезди
1,5 € по соба дневно за хотелите со  3 ѕвезди
0,5 €  по соба дневно за хотелите со  1-2 ѕвезди

• 0,5 €  дневно за приватните соби, студија и апартмани

 

 

Кога се плаќа туристичката такса? Дали ќе добиете потврда дека сте ја платиле?

Туристичката такса се плаќа за време на пријавувањето или одјавувањето од сместувачкиот капацитет. Сопственикот или менаџерот на сместувачкиот објект треба да Ви издаде посебна потврда дека ја примил уплатата која треба да содржи: датум на издавање, име на лицето на кое е издадено сместувањето, датум на престој и износот на надоместокот.

 

Дали пограничните службеници при излезот од Грција ќе вршат проверка дали сте ја платиле туристичката такса? Дали треба да ја сочувате потврдата од уплатата?

Ниедна официјална институција во Грција нема објавено известување дека на граничните премини ќе се врши контрола на плаќањето на туристичката такса. За секој случај потврдата задолжително сочувајте ја до излезот од земјата.

 

Доколку летувате со уште едно семејство а сместени сте во еден апартман, дали е потребно двете семејства посебно да платат туристичка такса?

Не. Таксата се плаќа по сместувачка единица и по ден, независно од бројот на лицата кои престојуваат.

Во договор со сопственикот на сместувачкиот објект или на хотелот сакате да го напуштите објектот покасно во текот на денот (касна одјава). Дали ќе Ви биде дополнително наплатен данок за престој? 

Не. Во случаите кога престојот е продолжен за неколку часа, тоа не се пресметува како дополнителен престој и не Ве обврзува за плаќање на такса. Но, доколку се случи должината на престојот да подразбира наплата на уште еден дополнителен ден за користење на собата, во тој случај туристичката такса ќе биде наплатена. 

 

Сте резервирале сместување во Грција преку интернет, но сте го откажале во последен момент. Дали имате обврска да ја платите туристичката такса?

Не. Независно од политиката за откажување на сместувањето и платформата за издавање смештај во Грција, туристичката такса се наплаќа исклучиво за деновите додека сте престојувале во објектот: од доаѓањето до одјавувањето.

 

Извор: www.grckainfo.com

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување