SUN BEACH HOTEL 4* - AGIA TRIADA
Агиа Триада е крајбрежно село/предградие на периферијата на Солун, лоцирано на песочната плажа , кој е поврзан со редовна градска автобуска линија 84. Плажата е наградена со сино знаме, гарантирајќи ја чистотата на морето и чистотата на плажи.
По должината на шеталиштето и плажата се наредени мал број рибни ресторани, таверни и кафулиња. Местото е многу тивко и блиску до Солун, на неколку километри, поради што ова одморалиште со години има многу туристи од Грција
ОПИС:
Хотел Sun Beach Agia Triada се наоѓа на одлична локација, на 150 метри од плажата Агиа Триада (20 км од центарот на Солун) и 300 м од центарот на Агиа Триада. Користењето лежалки и чадори на плажа и на базен е бесплатно. Поврзан е со шопинг зоната на Солун (Космос Медитеран, ИКЕА) како и со центарот на градот преку градската автобуска линија.
Оброци: појадок - шведска маса, вечера - шведска маса во екот на сезоната, мени послужено во други периоди.
СОДРЖИНА:
Ресторан, надворешен базен, бар покрај базен, бар во хотелот, деловен центар, фитнес сала, фризер, сеф, интернет катче, ТВ сала, кафуле, лежалки, лифт, перална, снек бар, рецепција, услуга во соба, конференциска сала, летна бавча, wifi интернет на јавните површини на хотелот, паркинг
СОДРЖИНА НА СОБАТА:
Бања, фен, клима, ТВ, телефон, мини фрижидер, балкон со седење
ЛОКАЦИЈА:
На дадениот пребарувач може самостојно да пребарувате цени за конкретниот хотел.
Со кликнување на КАЛЕНДАРОТ изберете го посакуваниот датум. Во бројот на ноќевања одберете го посакуваниот број на ноќевања. Внесете број на особи (доколку има и деца, внесете ја возраста на децата).
Напомена: Онаму каде пребарувачот ви дава "STOP SALE", тоа означува дека хотелот не располага со слободни соби за бараниот датум, затоа обидете се да ставите друг датум за престој.