Acerca de
РИМ
РИМ | НЕАПОЛ | ТИВОЛИ (Нова Година 2024)
Рим – синоним за романса, СЕ е во името. Како што ќе Ви кажат Римјаните, кратко и јасно – ако го превртиш зборот „ROMA“ (италијанскиот збор за Рим), ќе добиеш „AMOR“ – што значи љубов. А љубовта е нешто што одекнува низ целиот град
1.ДЕН (29.12.2023 – петок): БИТОЛА – ОХРИД – СТРУГА
Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 14.30 часот. Поаѓање за Драч во 15.00 часот. Патот води преку Струга, Елбасан...денско и ноќно патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Драч во вечерните часови – трансфер на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 23.00 часот...ноќна пловидба.
2.ДЕН (30.12.2023 – сабота): БАРИ – НЕАПОЛ – РИМ
Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување на патот за Неапол. Пристигнување во Неапол во пладневните часови... панорамски разглед на градот со стручен водич...обиколка на Градскиот плоштад, Општинската зграда, замокот Castelo Nuovo, Театарот San Carlo, палатата Reale, црквата San Francesco, како и најстарата пицерија во Неапол и воопшто во Италија, пицерија чии гости биле Софија Лорен, Бред Пит, Анџелина Џоли, Мадона – Da Mateo...слободно време за истражување на живописниот и полн со бои стар дел на градот наречен Spaccanapoli…состанок на групата на претходно договореното место во 18.00 часот. Поаѓање за Рим. Пристигнување во Рим во вечерните часови, сместување во хотел. Ноќевање.
3.ДЕН (31.12.2023 – недела): РИМ
Појадок. Сите патишта водат кон воодушевувачкиот, неверојатно романтичен, спектакуларен и едноставно неповторлив - град кој едноставно ќе Ве остави без здив...факултативен разглед на градот со стручен водич...црквите, базиликите и плоштадите : San Giovanni Laterano, San Clementе (вечното престојувалиште на Св.Кирил), Piazza Venezia, Altar de la Patria - Vittorio Emanuele (олтарот на татковината), Fontana Di Trevi, Spagna (Шпанските скали)…Античкиот Рим : Colosseo, Campidoglio, Fioro Romani. Слободно време за шопинг на Via del Corso, или индивидуален разглед на градот. Состанок на групата во касните попладневни часови. Враќање во хотел...Вешерта – ДОЧЕК на НОВАТА 2024.година на отворено, пред Колосеумот или Cirkus Maximus…Ноќевање.
4.ДЕН (01.01.2024 – понеделник): РИМ – ВАТИКАН
Појадок. По појадокот – факултативна посета на Ватикан со стручен водич...запознајте ја Папската држава со целиот нејзин сјај, богатство и гламур... Ватиканските музеи, Систинската капела – ремек делото на Микеланџело како и базиликата „Св.Петар“ – своевремено најголемата базилика во Католичкиот духовен свет...прошетката продолжува низ Рим...посета на Castel Sant Angelo (Адриановата палата), Судската палата, преминуваме преку реката Тибер на Ponte dele Angeli (мостот на Ангелите) и пристигнуваме на најубавиот плоштад во Рим – Piazza Navona...слободно време за уживање со едно Италијанско espresso во Caffe Domiziano или ручек во еден од многуте мали ресторани (tratoria)...прошетката продолжува до Пантеонот (Храмот на сите богови) – единствената градба во Рим, зачувана онаква како што е изградена уште во 6.век н.е. Слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг. Состанок на групата во 18.00 часот. Враќање во хотелот. Ноќевање.
5.ДЕН (02.01.2024 – вторник): РИМ – ТИВОЛИ – БАРИ
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Тиволи – факултативна посета на најрепрезентативната вила Дел’Есте и нејзиниот парк со 1000 фонтани...патувањето продолжува кон Бари...пристигнување во Бари во попладневните часови...посета на базиликата Св.Никола, прошетка низ стариот град, базиликата Сан Сабино...трансфер на фери околу 21.00 часот. Поаѓање за Драч...ноќна пловидба.
6.ДЕН (03.01.2024 – среда): ДРАЧ – БИТОЛА
Пристигнување во Драч околу 8.00 часот...продолжување на патот кон Битола и пристигнување во попладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 19.160,00 ден. (309 €)
ДОПЛАТА за 1/1 соба: 4.030,00 ден. (65 €)
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Исклучиво во денарска противвредност
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-
Автобуски превоз на горенаведената релација;
-
Посета и разглед на Неапол со стручен водич;
-
3 НП во Рим (околина) во хотел со 3*;
-
Бродски превоз (дек-седишта) на релација Драч – Бари (доплата за 1/4 кабина – 10 € по лице во правец, за 1/3 кабина – 15 € по лице во правец, за 1/2 кабина – 20 € по лице во правец - резервација и уплата во агенција);
-
Посета на Тиволи;
-
Посета на Бари;
-
Организација, водство и реализација на аранжманот;
-
ТРАНСФЕР на ПАТНИЦИ – БЕЗ НАДОКНАДА од Скопје, Велес, Кавадарци, Прилеп, Ресен, Охрид и Струга.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-
Факултативните излети и посети;
-
Влезниците при посета на културно-историските споменици;
-
Патничкото осигурување – БЕЗ ФРАНШИЗА.
ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА:
-
Разгледот на Рим (трансфер + стручен водич + слушалки + метро карти) – 35 € по лице;
-
Ватиканските музеи заедно со Сикстинската Капела – 55 € по лице (трансфер + влезница со резервација – ВЛЕЗ без чекање во редица + стручен водич + слушалки + метро карти);
-
Влезница за Villa Del Este (Тиволи) – 20 € по лице;
-
За реализација на секоја факултатива – потребен е минимум од 30 патници!
НАПОМЕНА:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.