top of page

PHILOXENIA HOTEL AND SPA 3* - PEFKOHORI

ОПИС:

Хотелот Philoxenia Spa 3*  се наоѓа во центарот на Пефкохори, на околу 80м од плажата. Комплексот се состои од две згради поврзани со заеднички двор со базен. Располага со сместувачки единици за 2-4 лица, а некои од погодностите што ги нуди се ресторан, теретана и детски аниматор. На гостите им е на располагање базен со средна големина со  лежалки и  ресторан (реновиран во 2015 година). Хотелот нема приватен паркинг, но по желба гостите можат да добијат картичка за приватен паркинг во близина на 400 метри(со доплаtа од 5 еур на ден). Во спротивно, можат да бараат бесплатно паркинг место околу хотелот, покрај улицата.

Оброци: Појадок и вечера

 
СОДРЖИНА:
Сите сместувачки единици се климатизирани, имаат мини-бар, сеф, мрежи против комарци и фен, повеќето имаат поглед на море, а покрај нивните тераси или чардаци имаат и големи заеднички чардаци. Интернетот е достапен само во заедничкиот простор (хотелско лоби, двор и простор околу базенот).Хотелот е погоден за лица со посебни потреби и до собите се стигнува без скали, а има и лифт.
 
СОДРЖИНА НА СОБАТА:
Бања, фен, фрижидер, клима, ТВ, тераса со седење.
 
ЛОКАЦИЈА:

 

На дадениот пребарувач може самостојно да пребарувате цени за конкретниот хотел.

Со кликнување на КАЛЕНДАРОТ изберете го посакуваниот датум. Во бројот на ноќевања одберете  го посакуваниот број на ноќевања. Внесете број на особи (доколку има и деца, внесете ја возраста на децата).

Напомена: Онаму каде пребарувачот ви дава "STOP SALE", тоа означува дека хотелот не располага со слободни соби за бараниот датум, затоа обидете се да ставите друг датум за престој.

bottom of page