top of page

Acerca de

paris-in-winter.webp

ПАРИЗ

ПАРИЗ

1 ДЕН (27/12/2022 – вторник): СКОПЈЕ – ВИЕНА
Состанок на групата во 10.30ч  на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виена во 11.00ч..Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград. Ноќно возење.


2 ДЕН (28/12/2022 – среда): ВИЕНА – ПРАГА
Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св.Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага, пристигнување во вечерните  часови.
Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН (29/12/2022 – четврток): ПРАГА – ПАРИЗ
Појадок. Претпладне, факултативно  панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј.Поаѓање  кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.

4 ДЕН (30/12/2022 – петок): ПАРИЗ
Во  утринските  часови пристигнување во Париз – најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља,Универзитетската четврт,Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот,Домот на Инвалидите, Елисејските полиња,Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

5 ДЕН (31/12/2022 – сабота): ПАРИЗ (ВЕРСАЈ – ЛУВР)
Појадок. Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич: Кралскиот Париз. Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Факултативна посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј- Лувр. По посета та на Лувр, можност за организирана прошетка низ најпознатата париска авенија Шанзелизе. Дочек на Нова Година на Елисејските полиња. Враќање во хотел Ноќевање.

6 ДЕН (01/01/2023 – недела): ПАРИЗ (СРЦЕТО НА ПАРИЗ – АЈФЕЛ – СЕНА)
Појадок.Препорачуваме прошетка (со метро) со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Веднаш потоа,  Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Можност да се искачите на Ајфелова кула (индивидуални влезници), да  крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

7 ДЕН (02/01/2023 – понеделник): ПАРИЗ – МИНХЕН
Препорачуваме целодневен излет во имагинарниот свет на Дизни – Дизниленд. Прекрасна забава во 2 тематски паркoви или можност за целодневна посета на Val d’Europe Shopping Center (Marne-la-Vallee). Секако дека може да се остане во Париз и да посетите некои од прочуените музеи и места: Домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, куќата на Балзак, музејот на Пикасо, да се искачите на триумфалната капија, да купувате во најпознатата стоковна куќа Галерија Лафает. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.


8 ДЕН (03/01/2023 – вторник): МИНХЕН
Пристигнуваме во Минхен во  утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата  Кралска пивница ХБ (пиво и свински коленици). Сместување во хотел. Ноќевање.

9 ДЕН (04/01/2023 – среда): МИНХЕН – САЛЗБУРГ – МАКЕДОНИЈА
Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел : Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки. Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење преку  Унгарија, Србија…

10 ДЕН (05/01/2023 – четврток): МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 € / 24.740,00 денари

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Превоз со високотуристички автобус
– 1 ноќевања во хотел 3* НП во Прага (околина)
– 3 ноќевања во хотел 2/3* НП во Париз (околина)
– 1 ноќевања во хотел 3* НП во Минхен (околина)
– Прошетка низ Виена
– Прошетка низ Минхен
– Организација и водство на програмата
– Организација на аранжманот
– Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:
– Задолжително патничко осигурување  350 денари
– Туристички такси Прага, Париз, Минхен – 15€
– Версај (превоз,влезница,лок водич) 50 € (задолжителна резервација при уплата)
– Лувр (влезница + превоз) 30 €(задолжителна резервација при уплата)
– Крстарење по Сена 20€
– Срцето на Париз 20€
– Дизниленд – цена за влезница + 20€ превоз
– Задолжителна посета на Салзбург 10€
– Билети за градски превоз, Прага, Париз, Минхен
– Доплата за еднокреветна соба 8.200 ден
– Доплата за избор на седиште во автобус 10€
– Разглед на Прага со локален водич  15€
– Крстарње по Влтава 20€
– Разглед на Париз со локален водич 20€

УСЛОВИ:

– За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
– Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 5 дена пред поаѓање, доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– За ова патување потребен е валиден пасош, минимум 6 месеци од денот на враќањето.
– Валидноста (исправноста) на патните исправи се обврска на патниците.
– За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
– Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање..
– Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

bottom of page