top of page
179168969.jpg

MPM HOTEL GUINNESS 4* - Bansko

Локација: Хотел MPM Guinness се наоѓа во Банско. Од гондолата е оддалечен 250 m до која се организира превоз со минибусот на хотелот. Стариот (етно) центар на градот е оддалечен 800 m.

Соби: Хотел MPM Guinness располага со сместувачки единици поделени во неколку категории - стандардни соби, студија и апартмани. Сите сместувачки единици имаат бања, фен, ТВ, телефон, мини бар и балкон.

Хотелски капацитети: Хотел MPM Guinness има главен ресторан во кој се служат оброци за пансиони. Покрај главниот ресторан, хотелот располага со национален ресторан (таверна) и лоби бар. Дополнителните капацитети вклучуваат продавница, фризерски салон, менувачница и сеф на рецепција. Wi-Fi е достапен во фоајето. Хотелот располага со бесплатен паркинг, гаража (се доплаќа) и ски соба.

Спорт и забава: Како дел од хотелот MPM Guinness, гостите имаат пристап до спа центар кој беше реновиран и проширен во 2016 година. Спа центарот вклучува базен, сауни, џакузи, зона за релаксација, соби за масажа и фитнес центар. На гостите им се достапни маси за пинг-понг и билијард.

MPM Hotel Guinness 4* - BANSKO

MPM HOTEL GUENNESS BANSKO.png
bottom of page