top of page

MITSIS GALINI WELLNESS & SPA 5* - K.VOURLA

ОПИС: 

Хотелот Галини припаѓа на познатиот синџир хотели Мицис. Се наоѓа во местото Камена Вурла, која е позната по своите термални извори, во живописната долина на еукалиптус. Од аеродромот во Атина е оддалечен 160 км и се наоѓа преку улицата од плажата.

СОДРЖИНА:

Рецепција, лифт, три ресторани и три барови, надворешен базен со џакузи, надворешен базен со термална вода, спа и велнес центар, внатрешен базен, ТВ сала, фитнес клуб, одбојка на плажа, бесплатен Wi-Fi во собите, на плажа и на рецепција, паркинг, тениско игралиште, одбојка на плажа, дневна и вечерна анимација, анимација за деца, детски базен, игралиште (за деца од 4 до 12 години), мини диско.

 

СОДРЖИНА НА СОБАТА:

Хотел Mitsis Galini располага со 224 соби со поглед на море или планина. Сите соби имаат бања, фен, клима, фрижидер/мини бар, телефон, сеф, ТВ, Wi-Fi, балкон/тераса. Сите соби имаат структура со двоен кревет, а останатите кревети се дополнителни кревети.

Стандардните соби се околу 28 м2 и се наменети за 2 до 4 лица. Тие се опремени со француски или два единечни кревети и дополнителни кревети. Можат да бидат со поглед на морето или градината.

Супериорните соби со поглед на море се со големина од околу 32м2 и се наменети за 2 до 4 лица. Опремени се со француски или два единечни кревети и дополнителни кревети за трето и четврто лице. Тие имаат луксузна мермерна бања со када.

Мезонетите се елегантни соби на 2 нивоа со поглед на уредената градина на хотелот со големина од околу 33м2 и е наменета за 2 до 4 лица. Тие се состојат од главна спална соба на катот со голем брачен кревет и дневна соба со два софа кревети кои може да се пренаменат во втора спална соба, долу. Внатрешни дрвени скалила ги поврзуваат двата ката.

ЛОКАЦИЈА:

GOOGLE MAPS ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

На дадениот пребарувач може самостојно да пребарувате цени за конкретниот хотел.

Со кликнување на КАЛЕНДАРОТ изберете го посакуваниот датум. Во бројот на ноќевања одберете  го посакуваниот број на ноќевања. Внесете број на особи (доколку има и деца, внесете ја возраста на децата).

Напомена: Онаму каде пребарувачот ви дава "STOP SALE", тоа означува дека хотелот не располага со слободни соби за бараниот датум, затоа обидете се да ставите друг датум за престој.

bottom of page