top of page

Acerca de

Vittorio Emanuele Gallery

ИТАЛИЈА

МИЛАНО | ТОРИНО | ЛУГАНО | КОМО

1 ДЕН (среда – 07.12.2022): БИТОЛА – ОХРИД – ТИРАНА 

Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 21.30 часот...поаѓање за Албанија (Тирана – аеродром) во 22.00 часот. Патот води преку г.п. Охрид, Струга, Елбасан...

2 ДЕН (четврток – 08.12.2022): ТИРАНА – МИЛАНО 

Пристигнување на аеродром Тирана околу 03.30 часот. Лет за Милано со WIZZ Air во 06.00 часот. Пристигнување во Милано во 08.05 часот. Разглед на градот со стручен водич... тврдината Sforcesco, piazza Duomo – централниот плоштад каде се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот DUOMO, катедрала која ја опкружуваат 3400 статуи со фасцинантен изглед, галеријата Via Vittorio Emanuelle – најважната истоимена шопинг улица и центарот на вечерните збиднувања, црквата Santa Maria Della Grazia (местото каде се наоѓа ремек-делото на Да Винчи „Тајната Вечера“, LA SCALA – зградата на Миланската Опера, една од најпознатите оперски куќи во Светот...Трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.

3 ДЕН (петок – 09.12.2022): МИЛАНО – ТОРИНО 

Појадок. По појадокот – Ви нудиме посета на Торино (факултативно), вториот по големина и важност град во Ломбардија по Милано...прошетка низ Parco Valentino – еден од најзначајните симболи на Торино...во внатрешноста на паркот се наоѓа прекрасната и огромна фонтана La Fontana dei Mesi e delle Stagioni, а исто така ќе го посетиме и малиот средновековен град – многу убав и интересен да се прошета...се упатуваме кон центарот на градот, се упатуваме кон Piazza Vittorio Veneto, каде се наоѓа црквата Gran Madre di Dio. Нашата прошетка продолжува кон Mole Antonelliana – највисоката градба на светот (од оние кои што се зидани со тули) 163 метри, доаѓаме до Piazza Castello, каде се наоѓа Teatro Regio – еден од најзначајните театри во Италија...на истиот плоштад се наоѓа Palazzo Reale, Chiesa di San Lorenzo, Palazzo Madam. Продолжуваме кон Piazza San Carlo (најубавиот плоштад во Торино), па Piazza Carlo Alberto во чија близина се наоѓа познатата Via Roma…на тој плоштад се наоѓало седиштето на Фашистичката партија од каде Мусолини ги држел своите говори…враќање во Милано, со попатна посета на ТРГОВСКИ ЦЕНТАР...Ноќевање.

4 ДЕН (сабота – 10.12.2022): МИЛАНО – КОМО – ЛУГАНО – МИЛАНО (аеродром) 

Појадок. По појадокот – факултативен излет до Швајцарија...посета на бајковитиот град Лугано, кој се наоѓа на истоименото езеро. Обиколка на главниот градски плоштад Della Riforma, црквата San Roco, Santa Maria Degli Angeli како и паркот на вилата Ciani. Слободно време за прошетка низ градот, или покрај езерото Лугано. Посета на Комо...посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата, Бролето, зидините кои го обиколуваат скоро целиот град...факултативно крстарење со брод по езерото, можност да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Бекам, Мадона, Макартни...упатување кон аеродромот Малпенса, од каде имаме лет за Тирана во 21.55 часот...пристигнување во Тирана во 23.55 часот. Поаѓање за Битола и пристигнување во раните утрински часови – наредниот ден.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 21.020,00 денари (339 €)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

-          Трансфер (минибус или автобус) на релација Битола – Тирана (аеродром) – Битола;

-          Авиобилет на релација Тирана – Милано – Тирана (WIZZ AIR);

-          Рачен багаж (1 торба или куфер со димензии 40х30х20 см. до 10 kg.);

-          2 НП во хотел со 3* во Милано (околина);

-          Разглед на Милано со стручен водич;

-          Посета на трговски центар;

-          Организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

-          Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици;

-          Патничко осигурување;

-          Аеродромски такси: 2.480,00 ден.;

-          ДОПЛАТА за куфер (до 10 кг. – 1.860,00 ден. во правец; до 20 кг. – 2.800,00 ден. во правец – цената е променлива, информации во агенција)

 

ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА:

-          Факултативната посета на Торино (трансфер + локален водич) – 50 € по лице; минимум 15 лица

-          Факултативната посета на Лугано и Комо (трансфер + локален водич) – 30 € по лице; минимум 15 лица

-          Крстарење по езерото Комо – 20 € по лице; минимум 15 лица.

 

НАПОМЕНА:

-          За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 20 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

-          Цената на аранжманот зависи од моменталната расположливост на местата во авионот

-          Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

bottom of page