top of page

ХОТЕЛИ БУГАРИЈА

ЗИМА 2022/23

БАНСКО

Банско e рекреативен скијачки центар во Пирин, ситуиран на надморска височина од 925 м. Располага со 17 скијачки патеки (должина 75 км), од кои 35% се за почетници, 40% за напредни и 25% за искусни скијачи и сноубордери. 80% од патеките се опремени со машини за вештачки снег. Ски центарот нуди и 27 ски-лифтови како и скијачка патека долга 16 километри, опремена со машини за вештачки снег и осветлување, што ги поврзува повисоките делови на одморалиштето со градот. Наjвисоката точка на ски-центарот е 2560 м, а наjниската - 1000 м. 

БОРОВЕЦ

Боровец, познат како Чамкорија, е популарно бугарско планинско одморалиште сместено во провинцијата Софија, на северните падини на Рила, на надморска височина од 1350 м.
Ски-центарот е на надморска височина од 1350 м. 58 км обележани патеки ги покриваат падините кои обично се свртени кон север до надморска височина од 2560 м, со многу патеки кои завршуваат во близина на центарот на селото, дозволувајќи им на скијачите да скијаат речиси до вратата на нивниот хотел.

ПАМПОРОВО

Пампорово — популарно скијачко место кое се наоѓа во Смољанската Област, Бугарија и е едно од најпознатите во Југоисточна Европа. Првенствено се посетува во текот на зимата за скијање и сноубординг, но е исто така, популарно туристичко место во лето. Одморалиштето се наоѓа во јужните Родопски Планини на надморска височина од 1620 метри. Највисокиот врв во областа, Снежанка на 1928 метри, е неколку стотици метри над одморалиштето и на врвот се наоѓа истоимената кула. Одморалиштето има 55 километри скијачки патеки и 38 километри скијачки патеки кои се опслужуваат со 18 лифтови со вкупна сместивост од 13.000 лица на час.

bottom of page