top of page

ХОТЕЛ РАДАН 3* - Пролом Бања, Србија

113266234.jpg

Пролом Бања се наоѓа во Јужна Србија, на падините на Радан планина. Првенствено позната по нејзината лековитa Пролом вода,  која припаѓа на ретка група на висока бањска вода со вредности: висока алкалност (pH 8,8 до 9.2), ниска (сув остаток од 148 mg / l) бикарбонат. Со цел да ве приближиме до овој уникатен подарок на природата, ви овозможивме да ја користите Пролом водата насекаде во хотелот.
За лечењето со Пролом вода се засноваат сите наши здравствени програми. Ефектот од третманот се зголемува со примена на  физички третман, соби со чист и свеж воздух и прошетка низ недопрената природа на Пролом бања. Надморска височина (550-668 м) и умерено-континентална клима со многу сончеви денови во годината придонесуваат за уште подобар одмор.

 

Радан хотелски комплекс, нуди сместување во комфорни соби,  wellness третмани и објекти за рекреација, забава и прошетки. Ако сакате место за работа во тивка средина, ние обезбедивме простории за состаноци за вас со сета потребна опрема. Без разлика дали доаѓате за третман или празници, деловни состаноци, или едноставно да се релаксирате во природа,  вашиот престој може да биде уживање во Wellness третмани, релаксирачки затворен и отворен базен, ручек во “Етно ресторанот”, патување во градот на Ѓаволот, црквата Лазарица и други културни и туристички атракциии во областа Топлички.

Во хотел Радан сместувањето e во стандардни, комфорни соби и апартмани. Освен  еднокреветни и двокреветни соби, хотелот нуди и 8 трикреветни соби (француски кревет + дополнителен кревет со стандардни димензии), 6 семејни соби (соба со француски лежај + соба со два класични кревети, поврзани помеѓу со врата CONNECT) и 10 апартмани (спалнa со дневен престој и кујна).

radan cenovnik.png

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ  ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ | 1 ЕУР = 62 МКД

Цените се по човек на ден во двокреветна соба.

ОСНОВЕН БП на ден :

Медицински прегледи со лекари за време на престојот;
Балнеотерапија: пиење лековита Пролом вода од изворот, хидрокинезиска терапија (групни вежби во базен со лековити води).
Медицинска контрола на лекарите: 24-часовна медицинска услуга во хотелот, отпусна листа
Дневна употреба на затворен базен (16x9m) со лековита вода, температура од 30 ° C;
Дневна употреба на отворени базени со лековита вода (кога временските услови дозволуваат);
Дневна употреба на фитнес сала и спортски терени (две асфалтни терени за мали спортови: ракомет, одбојка, кошарка); употреба на сала за забава: пинг-понг, билијард, пикадо, игри на табли;
Сместување во стандардни двокреветни соби во хотелот Радан: ТВ, WiFi интернет, бањарки, фен;
Полн пансион: појадок, ручек и вечера (појадок шведска маса, ручек/вечера избор од 3 оброци по мени)
Програма со аниматор: групни вежби во фитнес сала и на отворено, прошетки;
Такса за престој и осигурување.

КОМПЛЕТЕН БП опфаќа ОСНОВЕН БП на ден + 4 терапии на ден :

Електротерапија (дијадијамика, ТЕНС, галванизација, ултразвук……),
Хидромасажа во лековита вода (бисерна бања или подводна масажа),
Примена на лековита кал (до две апликации),
Рачна масажа – трае до 10 минути.

Терапиите ги пропишува лекар од хотелот според индикациите, а се изведуваат секој ден – за време на викендите и празниците.

БП  –  БОЛНИЧКИ ПАКЕТ

ДОПЛАТИ:
Доплата за еднокреветна соба: 13 € на ден.
Доплата за комфорт соба: 5 € по човек на ден.
Доплата за сместување во апартман : 13 € по лице на ден,

ПОПУСTИ ЗА ДЕЦА (со двајца возрасни):
Деца до 9 години - бесплатно,
Деца од 9-14 години: 50% од цената за возрасен.

ПОПУСTИ ЗА ДЕЦА (со еден возрасен):
Деца до 3 години бесплатно,
Деца од 3-7 години: 50% од цената за возрасен.

ПЛАЌАЊЕ:
100% авансно плаќање, најмалку 15 дена пред пристигнувањето.

PROLOM WELLNESS PAKET.png

Пакетот се однесува за престој од 2 ноќевања и опфаќа:

  • Сместување во соба по избор со услуга полн пансион ( доручек , ручек и вечера )

  • Секојдневно користење на новиот Wellness центар

  • Отворено-затворен базен

  • Сауна

  • Солена соба

  • Џакузи базен со лековита Пролом вода 

  • Парна бања

  • Топли клупи 

  • Внатрешен базен

  • Користење на теретана и фитнес центар 

  • Користење на сала за рекреација ( билјард , пинг-понг , пикадо )

  • Секојдневно користење на базенот на отворено со мини аква парк во летните месеци

  • Утринска гимнастика со физиотерапевт 

  • Вежби во базен 

Дополнителни погодности : 

  • Грижа за децата во детската игротека секој работен ден од 09 до 15 часот 

  • Бесплатен интернет 

  • Игротека на отворено

  • Деца до 9 години престојуваат бесплатно ( придружени со 2 возрасни лица )

  • Деца од 9 до 14 години плаќаат 50% од наведената цена ( придружени со 2 возрасни лица )

НАШ ПРЕДЛОГ :

За гостите на  Пролом Бања, повеќе пати неделно се организираат излети придружени со бањски водич до локацијата во нејзината близина и во околината:
Ѓавоља Варош:
Локалитетот Ѓавоља Варош е на 27 километри од Пролом Бања. Под заштита е на државата како споменик на природата и истовремено единствениот претставник на Србија во изборот за “7 светски чуда на природата”.
Црква Преображение на Господ во Пролом Бања:
Црквата Преображение на Господ се наоѓа на видиковецот преку патот на  хотелот Радан. Се стигнува преку атрактивен пешачки мост. Изградена е во 2013 година, со благослов на Патријархот на српската православна црква Иринеја. Од самиот видиковец се нуди прекрасен поглед на целата бања. По самата црква има скали се  до Етно куќа, а понатаму преку пешачка патека до црквата Лазарице.
Црква Лазарица во Пролом Бања:
Црквата Лазарица е оддалечена, 2,4 км од хотелот. Обновна е во 1890 година и е единствената црква  во Тополичкиот крај. По народните предскажувања, во оваа црква  дел од  војската на Кнез Лазар се причестила пред Косовската битка .
Полнењето на  Пролом вода:
На гостите им се овозможува прекрасен излет до фабриката за полнење на вода, со цел да се запознат со начинот на полнење на водата и да го доживеат целиот процес: како Пролом вода со 220 м длабочина, во својот непостоен состав, целосно природно од ова место се упатува кон своите потрошувачи. Дополнителна прошетка е и посетата на камената црква посветена на Св. Петка. Црквата е изградена во 13 век .
Луковска Бања:
Луковска Бања е оддалечена 58 км од Пролом Бања. Претставува највисоката бања во Србија (681mnv.) и е позната по голем број извори на минерална вода со различен состав и температура. Хотелската служба за рекреација на Пролом Бања организира целодневни излети до Луковска Бања со ручек во хотелите Копаоник и Јелак.
Црква од XII век во Куршумлија: 

Во Куршумлија, на 22 километри од Пролом Бања, се наоѓаат првите заложби на Стефан Немања од 12 век: Црквата Св. Никола и Црквата Св. Богородица. Излетот се организира во придружба на бањски водич. Обиколка на рановизантиските базилики и запознавање со знаменитостите на градот.

https://www.prolombanja.com/

https://goo.gl/maps/YZYcmcRGWfR2

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:
Адреса: Бул. Македонски Просветители бр.3

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean
bottom of page