top of page

HOTEL GOLDEN BEACH 3* - METAMORFOSIS

ОПИС:
Хотелот Голден Бич Метаморфозис се наоѓа во центарот на одморалиштето Метаморфоси, на околу 30 метри од песочната плажа, која е одвоена со лента со бујно зеленило. Хотелот е целосно реновиран во 2014 година, кога во хотелскиот комплекс е додаден помал базен со лежалки и чадори. Хотелот Голден Бич повторно беше реновиран во 2019 година, а сега сите соби имаат нов мебел и реновирани бањи. Собите се со стандардна големина, содржат класичен единечен и еден потесен француски кревет, каде може да се смести четиричлено семејство, со две деца до 11,99 години, на три кревети.

Економичен, реновиран хотел со добар сооднос цена-квалитет и обезбедените услуги.
Собите се чистат секој ден, крпите и постелнината се менуваат по третата ноќ од престојот.

Користењето на клима уред е вклучено во цената на аранжманот.

Оброци: појадок, вечера - шведска маса.

 
СОДРЖИНА:
Рецепција, лифт, ресторан, лоби бар, надворешен помал базен, детски базен, лежалки и чадори околу базенот, wifi интернет.
 
СОДРЖИНА НА СОБАТА:
Бања со туш, посебна клима, масичка, огледало, LCD телевизор, wifi интернет, балкон.
 
ЛОКАЦИЈА:

GOOGLE MAPS ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

На дадениот пребарувач може самостојно да пребарувате цени за конкретниот хотел.

Со кликнување на КАЛЕНДАРОТ изберете го посакуваниот датум. Во бројот на ноќевања одберете  го посакуваниот број на ноќевања. Внесете број на особи (доколку има и деца, внесете ја возраста на децата).

Напомена: Онаму каде пребарувачот ви дава "STOP SALE", тоа означува дека хотелот не располага со слободни соби за бараниот датум, затоа обидете се да ставите друг датум за престој.

bottom of page