top of page

COSMOPOLITAN HOTEL & SPA 4* - PARALIA

ОПИС:
Хотел Cosmopolitan Spa Paralia е еден од најлуксузните и најбараните хотели во Паралија, одлично опремен и на добра локација, а можеме да го препорачаме на сите наши патници. Песочната плажа е оддалечена околу 300 метри од хотелот, а центарот на Паралија е на километар. Хотелот е со скорешна градба, со спа центар (внатрешен базен, сауна, парна бања) во рамките на објектот, а пред зградата има доволно паркинг простор за сите гости. Храната во хотелот е врвна, појадокот е континентален со голем избор на традиционални грчки пити, јадења и десерти, а ниту вечерата не заостанува во изборот.

Наша препорака!

Оброци: појадок и вечера - шведска маса.

 
СОДРЖИНА:
Рецепција, кафе бар, бар на тераса, лифт, надворешен базен, лежалки и чадори околу базенот, панорамски ресторан, интернет, лекар на повик, спа центар (внатрешен базен, сауна, парна бања), јавен паркинг
 
СОДРЖИНА НА СОБАТА:
Бања, фен, хидромасажер, интернет конекција, клима, мини-бар, сеф, LCD-SAT-телевизор
 
ЛОКАЦИЈА:
GOOGLE MAPS ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

На дадениот пребарувач може самостојно да пребарувате цени за конкретниот хотел.

Со кликнување на КАЛЕНДАРОТ изберете го посакуваниот датум. Во бројот на ноќевања одберете  го посакуваниот број на ноќевања. Внесете број на особи (доколку има и деца, внесете ја возраста на децата).

Напомена: Онаму каде пребарувачот ви дава " STOP SALE", тоа означува дека хотелот не располага со слободни соби за бараниот датум, затоа обидете се да ставите друг датум за престој.

bottom of page