Acerca de
БУДВА
БУДВА | БАР | ТИВАТ | КОТОР
1 ДЕН (30.12.2024 - понеделник): МАКЕДОНИЈА
Состанок на групата во Битола околу 22 00 часот на договореното место и заминување за Црна Гора, преку граночен премин Ќафасан. Попатно земање на патниците од Охрид. Ноќно патување со паузи и царински формалности.
2 ДЕН (31.12.2024 - вторник): БАР | БУДВА
Пристигнување во Бар и посета на врквата Св. Јован Владимир и летната резиденција на првиот и единствен црногорски крал Никола. Слободно време. Пауза за ручек или кафе. Заминување за Будва. Сместување во соби и апартмани. Слободно време. Индивидуален дочек на Новата Година на плоштад со богата музичка програма со настап на Владо Георгиев. Ноќевање.
3 ДЕН (01.01.2025 - среда): БУДВА | ДУБРОВНИК
Слободно време или факулативна целодневна посета на Дубровник. Дубровник со локален водич - Страдун, Орландовиот Столб, Охофриевата фонтана, Кнежевата Палата. Слободно време и враќање во Будва во вечерните часови. Вечерта музичка програма на плоштад со Дино Мерлин. Ноќевање.
4 ДЕН (02.01.2025 - четврток): ТИВАТ | КОТОР
Одјавување од апартманите и заминување Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. Атрактивен е во зима и во лето, со пријатна медитеранска клима. Тиват е модерен медитерански град ориентиран кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор каде се разгледува градот со локален водич. Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот слободно време за ручек. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. **Патниците кои нема да одат на овој факултативен излет имат слободно веме. Во договорено место и време се собираaт од Будва и поаѓање кон Македонија.
ЦЕНА на АРАНЖМАНОТ: 7.380 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-
Сместување во БУДВА (само ноќевање) - 2 ноќи,
-
Превоз по дадените протоколи на дадената релација,
-
Посета на Бар,
-
Организација и водство на групата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-
Влезници за културно историските локалитети,
-
Факултативна посета на Дубровник со локален водич - 30 евра,
-
Факултативна посета на Котор и Тиват – 15 евра,
-
Туристичка такса 1,5 на ден,
-
Задолжително патничко и здравствено осигурување (информации во агенција).
НАПОМЕНИ:
-
Бројот на седишта во автобус се доделува по број на резервација. Предност во првата половина на автобусот имаат повозрасни лица, како и мали деца. Постои можност за доплата на седиште (освен прв ред кој) од преостанатите седишта по цена од 10 евра.
-
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
-
За деца од 3 - 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 - 12 години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжмано
-
За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
-
Во случај на отказ на патувањето од страна на патникот од лична неоправдана причина, авансот е нерефундабилен.
-
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
-
Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
-
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.