top of page

Acerca de

Christmas Ornaments

БУДИМПЕШТА 
& ВИЕНА

БУДИМПЕШТА & ВИЕНА (Christmas Market)

1 ДЕН (07.12.2022 – среда): БИТОЛА 

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 15.00 часот. Поаѓање за Унгарија во 15.30 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад...денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

 

2 ДЕН (08.12.2022 – четврток): БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во  утринските часови...разглед на градот со стручен водич...Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата, мостовите на Дунав, базиликата Св.Стефан, Парламентот, Операта, Плоштадот на Хероите...сместување во хотел. Во вечерните часови – заминување на „Ваци“ улицата и посета на Божиќниот базар кој се наоѓа на Ворошмарти плоштадот...можност за шопинг, уживање  во домашно греано вино, домашни специјалитети, или посета на најстарата слаткарница во Централна Европа – GERBEAUD, која се наоѓа на самиот плоштад...сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта (факултативно) – крстарење со брод по Дунав...Ноќевање.

 

3 ДЕН (09.12.2022 – петок): БУДИМПЕШТА – ВИЕНА 

Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот или факултативна посета на Виена...панорамски разглед на градот - Парламентот, Рингштрасе, Операта, Универзитетот, Катедралата на Св.Стефан, палатата Белведере, Хундертвасер, плоштадот на Марија Терезија Хофбург...посета на велелепниот замок Шенбрун, каде и се наоѓа Божикниот базар во Виена...слободно време. Враќање во Будимпешта во вечерните часови. Ноќевање.

 

4 ДЕН (10.12.2022 – сабота): БУДИМПЕШТА

Појадок. По појадокот –  одјавување од хотелот – слободно време или посета на најголемиот трговски центар во Будимпешта – АРЕНА ПЛАЗА. Состанок на групата на претходно закажаното место. Планирано поаѓање за Македонија околу 14.00 часот. Денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

 

5 ДЕН (11.12.2022 – недела): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:           8.990,00 МКД (145 €) – сместување во хотел со 3 ***

                                                                       9.590,00 МКД (155 €) – сместување во хотел со 4****

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Автобуски ЛИЦЕНЦИРАН превоз на горенаведената релација;

Разглед на Будимпешта со стручен водич;

2 НП во Будимпешта во хотел со 3* или 4* (по Ваш избор);

Организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Факултативните излети и посети;

Влезниците при посета на културно-историските споменици;

Патничкото осигурување. 

 

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – БУДИМПЕШТА: Крстарење со Брод – 20 € по лице (препорака – минимум 30 патници). 

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – ВИЕНА: Посета и разглед на Виена со стручен водич – 50 € по лице (препорака – минимум 30 патници).

НАПОМЕНА: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

bottom of page