top of page

Acerca de

tumane.jpg

СРБИЈА

ТУМАНЕ & БЕЛГРАД (автобус)

1 ден | 07.03.2025 | петок

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Поаѓање за Србија од Спортска Сала Битола во 23:00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.
 
2 ден | 08.03.2025 | сабота

Пристигнување во манастирот Тумане во утринските часови. Манастир Тумане е православен манастир на Српската православна црква.Се наоѓа во Голубачката долина на само 12км од Голубац. Тумане е задужбина на Српскиот витез Милош Обилич. До 2014 г. бил женски, а сега е машки манастир. Манастирот Тумане е еден од најпосетените манастири на Балканот. По посетата на Манастирот се заминува за Голубац, каде ќе се посети Голубачката тврдина. Изградена во 14-ти век, на влезот на Ѓердапската клисура,во националниот парк Ѓердап. Тврдината е со 10 кули и две големи порти. Се продолжува за Белград. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
 
3 ден | 09.03.2025 | недела

Појадок. Разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Свети Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот итн. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Можност за факултативно крстарење по Сава и Дунав. Посета на шопинг центар Галерија. Поаѓање за Македонија преку Табановце и пристигнување во Битола во доцните вечерни, или раните утрински часови.
 
ЦЕНА на АРАНЖМАНОТ: 5.900,00 денари
 
Во цената е вклучено:
– Автобуски превоз на дадената релација
– Сместување во хотел со 3* – 1 ноќевање. со појадок во Белград
– Посета на Манастирот Тумане 
– Разгледување на Белград со локален водич
– Лиценциран придружник на аранжманот
 
Во цената не е вклучено:

– Крстарење по Сава и Дунав – 25 евра

– Влезница за Голубачка тврдина ( променлива цена, на лице место се купува)

– Туристичка такса 2 евра по лице – се плаќа во автобус

– Трансфер од Охрид – 15 евра

– Здравствено-патничко осигурување

 
НАПОМЕНА
– За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
– Доплата за еднокреветна соба 35 евра
– Деца до 12 години со двајца возрасни – попуст 30 %
– Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Патувањето може да биде со лична карта или пасош.
– Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
– Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:
Адреса: Бул. Македонски Просветители бр.3

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965 (Viber & WhatsApp)

Е-пошта: intravel@t.mk

Skype: intertravel-ohrid

  • Facebook
  • Instagram
bottom of page