Acerca de
СРБИЈА
БЕЛГРАД & НОВИ САД (автобус)
1.ДЕН (07.03.2024 – четврток) БИТОЛА
Состанок на групата во 23:45 часот и поаѓање за Белград. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности.
2.ДЕН (08.03.2024 – петок) БЕЛГРАД
Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот на Револуцијата, Калемегдан:Воениот музеј, Споменикот на победникот. Сместување во хотел. Слободно време за прошетка во центарот на Белград, по пешачката улица Кнез Михајлова или факултативна вечера во ресторан на Скадарлија. Ноќевање.
3.ДЕН (09.03.2024 – сабота) НОВИ САД
Појадок. Факултативен целодневен излет до Нови Сад – разгледување со локален водич: Петроварадинската тврдина, улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Градското собрание. Слободно време во центарот на Нови Сад. Попладнето враќање во Белград Ноќевање.
4.ДЕН (10.03.2024 – недела) БЕЛГРАД – БИТОЛА
Појадок. После појадокот можност за факултативно крстарење со сплав по реките Сава и Дунав. Потоа слободно време на “Београд на вода”, каде можи да се посети и Трговскиот шопинг центар “Галерија”. Попладнето поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 8.600,00 мкд
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз на дадената релација
– Сместување во хотел со 3* – (2 ноќевања со појадок)
– Разгледување на Белград со локален водич
– Организација и водство на аранжманот
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-
Здравствено патничко осигурување
-
Целодневен излет до Нови Сад –25 евра
-
Крстарење по Сава и Дунав – 20 евра
-
Влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици.
НАПОМЕНИ:
⦁ За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
⦁ За ова патување влезот во Р.Србија – покрај патната исправа, може да се оствари и со лична карта. Пасошот како и личната карта треба да важат минимум 3 месеци од денот на завршување на овој аранжман.
⦁ Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
⦁ Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.