top of page

Acerca de

Srpska-Nova-Godina-Tradicija-Običaji-i-Kako-je-Proslaviti-262.webp

БЕЛГРАД

БЕЛГРАД | НОВИ САД

ПРВ ДЕН – 30.12.2025 (ВТОРНИК): МАКЕДОНИЈА

Состанок на групата во 22:00 часот и поаѓање за Србија преку г.п. Табановце со попатни паузи и царински формалности.


ВТОР ДЕН – 31.12.2025 (СРЕДА): БЕЛГРАД

Пристигнување во Белград во раните утрински часови. Средба со локален водич и панорамски разглед на градот и пешачка тура: црква „Свети Сава“, тврдина Калемегдан, главната пешачка улица „Кнез Михаилова“. Слободно време во центарот на Белград. Сместување во хотел. Ноќевање. 


ТРЕТ ДЕН – 01.01.2026 (ЧЕТВРТОК): НОВИ САД – БЕЛГРАД

Појадок. Во утринските часови тргнување за Нови Сад. Средба со локален водич, разглед на градот: Петроварадинската тврдина, улицата на Јован Ј. Змај, „Дунавската улица“ – пешачка трговска зона, Градското собрание. Слободно време во центарот на Нови Сад. Враќање во Белград. Дочек на Нова година на еден од градските плоштади во Белград. Ноќевање.

 

ЧЕТВРТИ ДЕН – 02.01.2026 (ПЕТОК): БЕЛГРАД – МАКЕДОНИЈА

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот. Факултативно крстарење со брод по Сава и Дунав. Посета на трговскиот центар „Галерија“. Тргнување за Македонија во попладневните часови.

 


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 10.480,00 мкд

 


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- 2 ноќевања со доручек во Белград (хотелско сместување); 
- Превоз на дадената релација – организација и водство на групата;
- Разглед на Белград со локален водич.
 
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Туристичка такса 4 евра за целиот престој;
- Факултативна посета на Нови Сад – 35 евра;
- Факултативно крстарење по Сава и Дунав – 25 евра;
- Здравствено патничко осигурување.
 
НАПОМЕНИ:

  • Бројот на седишта во автобус се доделува по број на резервација. Предност во првата половина на автобусот имаат повозрасни лица, како и мали деца. Постои можност за доплата на седиште (освен прв ред кој) од преостанатите седишта по цена од 10 евра.

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

  • За деца од 3 - 12 години се плаќа 80 % од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 - 12 години, за детето се плаќа цела сума.

  • Доплата за еднокреветна соба 50 евра

  • Во случај на отказ на патувањето од страна на патникот од лична неоправдана причина, авансот е нерефундабилен.

  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата

  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.

  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:
Адреса: Бул. Македонски Просветители бр.3

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965 (Viber & WhatsApp)

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook
  • Instagram
bottom of page