top of page

HOTEL ATRIUM 4* - PEFKOHORI

ОПИС:

HOTEL ATRIUM 4* - Пефкохори е ново реновиран, многу баран семеен хотел во Пефкохори, сместен веднаш до ексклузивниот хотел Алија Палас. Центарот на монденското одморалиште Пефкохори е оддалечен само 500 метри, додека плажата наградена со сино знаме е на 700 метри. Хотел Атриум е изграден на рид, дискретно одвоен од вревата на популарното одморалиште и целосно скриен со густа борова шума и на своите гости им гарантира мирен и целосен семеен одмор. Услугата во хотелот може да биде на база на полупансион или на база all inclusive. Aqua Splash Park Atrium е изграден за сезоната 2020 година и е целосно подреден на семејното уживање за време на престојот во хотелот. Работи во периодот 15.05-15.09 и е бесплатен за гостите на хотелот кои престојуваат на услугата all inclusive. Гостите кои ја користат услугата за полупансион плаќаат детски билет.

Оброци: појадок и вечера - шведска маса  или ALL INCLUSIVE. / Препорака од агенцијата.

СОДРЖИНА:

Рецепција, бар покрај базен, билијард, детски базен, Aqua Splash Park (доплата за гости со HB услуга), надворешен базен, менувачница, изнајмување автомобил, ресторан, пинг-понг, отворени тениски игралишта, игралиште за мали спортови, игралиште за одбојка, wifi интернет, шатл-автобус до плажа (бесплатен, секој ден од 09:00 до 18:00 часот), паркинг.

СОДРЖИНА НА СОБАТА:

Рања, фен, фрижидер, клима, SAT-TV, телефон, тераса 

ЛОКАЦИЈА:

GOOGLE MAPS ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

На дадениот пребарувач може самостојно да пребарувате цени за конкретниот хотел.

Со кликнување на КАЛЕНДАРОТ изберете го посакуваниот датум. Во бројот на ноќевања одберете  го посакуваниот број на ноќевања. Внесете број на особи (доколку има и деца, внесете ја возраста на децата).

Напомена: Онаму каде пребарувачот ви дава "STOP SALE", тоа означува дека хотелот не располага со слободни соби за бараниот датум, затоа обидете се да ставите друг датум за престој.

bottom of page