top of page

Acerca de

Acropolis-in-Athens.webp

АТИНА

АТИНА

1 ДЕН | 30.12.2021 (Петок): МАКЕДОНИЈА – АТИНА
Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во Битола на Спортска сала во 20:30 часот. Поаѓање во 21:00 часот. Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

2 ДЕН | 31.12.2021 (Сабота): АТИНА РАЗГЛЕД – НОВА ГОДИНА ДОЧЕК
Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…). Посета на Акропол – Пропилеј, Партенон, Ерџтејон (доплата за влезница 12 Еур). Заминување и  сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта можност за дочек на Нова Година  факултативно – Новогодишна вечера во хотелот со богато мени и неограничен пијалок (40 Еур), или пак во сопствена режија на некој од плоштадите. Ноќевање 1.

3 ДЕН | 01.01.2023 (Недела): ГЛИФАДА – АТИНА – ЕГИНА
Појадок. Слободен ден за прошетка и уживање во прекрасната Глифада или во Атина. Можност за Факултативна – еднодневна екскурзија на островот Егина (50 Еур). Овој остров е дел од Саронските острови и се наоѓа на околу 30 километри од Атина. Егина е дом на антички урнатини (вклучувајќи го и познатиот храм Афаја), неверојатни плажи, шармантни селца и пристаништа. Плус, во минатото градот Егина кратко бил престолнина на Грција. Ќе ја посетиме црквата посветена на Свети Нектариј Егински, подигната од старец Нектариј Виталис со помош на верното население, и каде што старецот за време на својот земен живот служел и живеел. Потоа одиме да се поклониме на гробот на скороупокоениот старец Нектариј Виталис. После посетата на Камариза тргнување кон пристаништето во Пиреја. Враќање во Глифада. Слободна вечер со можност за заедничка посета на ноќен клуб. Ноќевање 2.

4 ДЕН | 02.01.2023 (Понеделник): АТИНА – КОРИНТ – ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Целодневна екскурзија на Арголида (факултативно 40 Еур): Коринтски канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус  – најакустичниот антички амфитеатар (влезница 6 еур), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена – древниот град на митскиот крал Агамемнон (влезница 6 Еур). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во хотелот. Ноќевање 3

 

5 ДЕН | 03.01.2023 (Вторник): АТИНА – СУНИОН – МАКЕДОНИЈА
Појадок. Слободно  претпладне со мoжност за прошетка и уживање во прекрасната Глифада или Атина, како и можност за Факултативна екскурзија (10 Еур) покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Враќање во Глифада. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови. Организирани трансфери до градови. Крај на аранжманот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  179 € / 11.098,00 МКД

Деца: 2-12 години со двајца возрасни 129 € / 7,998,00 МКД  

Еднокреветна соба: 229 € / 14.198,00 МКД

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Превоз со високо туристички автобус
– 3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Глифада
– Организиран разглед на градот со локален водич
– Организација и водство на патувањето

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Факултативен излет Пиреа – Егина  (50 €)
– Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег (10 €)
– Свечена вечера за Нова Година со неoграничен пијалок (40 €)
– Екскурзија  на Арголида – Пелопонез (40 € + влезници)
– Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, напалата на рецепција во хотел
– Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол (12 €); Микена (6 €); Епидаурус (6 €)
– Патничко и здравствено осигурување

– Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје, Велес, Прилеп, Охрид и Кавадарци 10 €/лице

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 патници.
– Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
– Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
– Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
– Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
– Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
– Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
– За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

bottom of page