top of page

Acerca de

shutterstockRF_1193397715.jpg

ГРЦИЈА

АТИНА (автобус)

Атина често пати се нарекува колевка на западната цивилизација. Таа е еден од најстарите светски градови чија историја бележи преку 3400 години. Се смета за зачеток на демократијата. Атина е центар на економскиот, политичкиот и културен живот во Грција, родно место е на Сократ, Перикле, Софокле и други значајни филозофи, писатели и политичари. Таа е еден од главните светски центри за архиолошки истражувања. Ова популарно туристичко место има дури 148 театри!

 

 

1 ДЕН (05.12.2025 - петок): БИТОЛА | АТИНА  
Состанок на групата околу 20.00 часот, и заминување за Грција преку граничен премин Меџитлија. Попатни паузи и царински формалности. 
 

2 ДЕН (06.12.2025 - сабота): АТИНА  
Пристигнување во Атина во утринските  часови. Средба со локален водич и панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта, можност за  факултативна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
 

3 ДЕН (07.12.2025 - недела): АТИНА | ПЕЛОПОНЕЗ 
Појадок.По доручекот слободно време или  факултативена посета на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во доцните попладневни часови. Враќање во Атина. Ноќевање. 
 

4 ДЕН (08.12.2025 - понеделник): АТИНА | ДЕЛФИ | БИТОЛА 
Појадок. По појадокот  заминување од Атина кон археолошкиот локалитет Делфи во подножјето на планината Парнас. Патувањето води преку древната Теба, кон едно од најбогатите археолошки наоѓалишта во Грција. Посета на познатиот археолошки локалитет Делфи (античко светилиште на богот Аполон) и локалниот музеј. Во попладневните часови попатна посета на споменикот на Спартанците од битката со Персија. Постоа заминување за Македонија. Пристигнување во раните утрински  часови.
 

ПРОМО ЦЕНА:  169 евра
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 евра
 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел ***- на база 2 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот со локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Туристичка такса 5 € по лице
- Факултативна вечера во национален ресторан 40-45 €
- Факултативен разглед на Пелопонез и Арголида 50 € (Влезниците за Епидариус и Микена не се вклучени во пакетот (Епидариус 12е и Микена 12е)
- Влезница за Акропол со локален водич- 40 евра (разглед со локален водич)
- Патничко - здравствено осигурување
- Доплата за сингл соба 60 евра за две вечери
- За деца од 3 год. до 11.99 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман

 

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:
Адреса: Бул. Македонски Просветители бр.3

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965 (Viber & WhatsApp)

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook
  • Instagram
bottom of page