top of page

AMMON ZEUS 4* - KALITHEA

ОПИС:

Хотел AMON ZEUS 4* - Калитеа е еден од најпопуларните хотели на монденското одморалиште Калитеа, со импозантно структурно решение, доминантна необична градба, а самиот негов изглед на своите гости им гарантира необичен одмор и искуство. Плажата пред хотелот е фантастична, наградена со сино знаме и е главниот адут на овој целосно реновиран хотел во 2018 година, кој исто така беше класифициран како луксузен хотел истата година.

Калитеа е можеби најживата дестинација на Касандра, со голем број клубови и кафулиња, а од хотелот е оддалечена неколку километри. Градот има голем број ресторани, продавници, бутици, таверни, кафулиња.

При пријавување во хотелот, задолжителен депозит од 100 евра (готовина или картичка, вратени при одјавување).

Оброци: појадок и вечера - шведска маса. Дозволени се мали миленици, на барање.

 

СОДРЖИНА:

Рецепција, бар покрај базен, џакузи, менувачница, надворешен базен, паркинг (доплата 10 € на ден), ресторан, сауна, сеф (доплата), снек бар, спортови на вода, чадори и лежалки покрај базен, теретана, турска бања , wifi интернет (доплата).

 

СОДРЖИНА НА СОБАТА:

Бања, фен, фрижидер, клима, ТВ, балкон, софа, биро, телефон

ЛОКАЦИЈА:

GOOGLE MAPS ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

На дадениот пребарувач може самостојно да пребарувате цени за конкретниот хотел.

Со кликнување на КАЛЕНДАРОТ изберете го посакуваниот датум. Во бројот на ноќевања одберете  го посакуваниот број на ноќевања. Внесете број на особи (доколку има и деца, внесете ја возраста на децата).

Напомена: Онаму каде пребарувачот ви дава "STOP SALE", тоа означува дека хотелот не располага со слободни соби за бараниот датум, затоа обидете се да ставите друг датум за престој.

bottom of page