Acerca de

БиХ
САРАЕВО & МОСТАР (автобус)
1. ден 22.10.2024 – вторник: БИТОЛА | ОХРИД
Состанок на групата во 18:00 часот и заминување за Мостар преку Албанија, ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2. Ден 23.10.2024 – среда: ТРЕБИЊЕ | МОСТАР
Пристигнување во Требиње и разглед на Стариот град Требиње. Околу пладне поаѓање за Мостар. Пристигнување во Мостар во пладневните часови. Сместување во хотел. Разглед на Стариот дел на градот со локален водич и слободно време. Вечерта време за слободни активности. Ноќевање.
3. Ден 24.10.2024 – четврток: МОСТАР | ЈАБЛАНИЦА | КОЊИЦ | САРАЕВО
Доручек. По доручекот одјавување од хотелот. Слободно време во Мостар околу 2 часа и поаѓање за Сараево . Попатна посета на Јабланица и Мостот на Неретва – кратко застанување и околу 12 00 часот пристигнување во Коњиц. Посета на Титовиот Бункер. По посетата заминување за Сараево. Сместување во хотел. По времето за одмор средба со локален водич и панорамски разглед на Сараево и пешачка тура. Слободно време. Враќање во хотелот по договор. Ноќевање.
4. Ден 25.10.2024 – петок: ТРАВНИК | ЈАЈЦЕ | САРАЕВО
Доручек. По доручекот ФАКУЛТАТИВЕН ЦЕЛОДНЕВЕН ИЗЛЕТ до ТРАВНИК И ЈАЈЦЕ. Травник — град и општина во Босна и Херцеговина, 90 километри западно од Сараево. Травник е главен град на Среднобосански кантон, и се наоѓа во Општина Травник. Својата култура градот ја засновува врз основа на времето кога градот бил седиште на локалната самоуправа во Отоманското Царство. Бројни џамии и цркви постојат во регионот, како и гробници на важни историски личности и кои претставуваат одлични примери на Отоманската архитектура. Музејот на градот, изграден во 1950 година, е еден од повеќето импресивни културни институции во регионот. Травник станал познат од страна на важни личности кои се родени или живееле во градот. Најважните од нив се Иво Андриќ (писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1961 година), Мирослав Чиро Блажевиќ (фудбалски тренер), Јосип Пејаковиќ (актер), Сеид Мемиќ (поп-пејач) и Давор Џалто (уметник и историчар на уметноста). Потоа се упатуваме кон Јајце -мал град во Босна и Херцеговина, централен не само географски туку и културолошки. Низ долгата историја на Босна, Јајце бил дом на средновековните кралеви, отомански гувернери и низа различни етнички групи, како и едно од најраните комунистички упоришта на претседателот Тито. Jaјце е и единствениот град кој има водоопад во центарот. Враќање во Сараево. Ноќевање.
5. Ден 26.10.2024 – сабота: ВИШЕГРАД
Доручек. По доручекот заминување за Баш чаршија. Слободно време околу 2 часа и заминување за Вишеград. Пристигнување во Вишеград во пладневните часови. Можност за факултативно крстарење по Дрина – од мостот на Дрина до Камен град. По посетата на Вишеград и Андриќ град. Заминување за Македонија.
6. Ден 27.10.2024 – недела: МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 9.900,00 мкд
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-
Превоз на дадената релација;
-
3 ноќевање со доручек во хотели со 3 или 4 ****;
-
Организација и водство на групата;
-
Лиценциран придружник за време на целото патување;
-
Локален водич Мостар и Сараево.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Туристичка такса – 4.5 евра за 3 дена;
- Влезници за Титовиот бункер – 11 евра;
- Факултативна посета на Травник и Јајце (превоз + локален водич + влезници) = 65 евра;
- Крстарење по Дрина – 6 евра.
НАПОМЕНИ:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
-
За деца од 3 - 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 - 12 години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжманот
-
За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
-
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
-
Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
-
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.