ZARA HOTEL & SPA 4*

Локација: Хотел Зара & Спа е изграден 2014 год, лоциран на само 600 метри од гондолата и 500 метри од центарот на Банско.

Хотелски содржини: Хотелот нуди бесплатен Wi fi, секоја соба има сопствен балкон, LCD- телевизор, кабелска телевизија, фрижидер, сеф, тоалет, телефон. Некои од собите имаат и поглед на планината. Гостите можат да се релаксираат во ресторанот или во лоби барот. Во непосредна близина на хотелот се наога и маркет Керфур и Трговски центар. Хотелот исто така нуди и фризерски салон, соба за видео игри, како и можност за изнајмување ски опрема.

Опис на собите на хотелот: два одделни или еден брачен кревет, централно греење, телевизор, телефон, електричен бокал, сеф (со доплата) интернет, тоалет, фен за коса, балкон.

Опис на Апартманите на хотелот: дневна соба со кревет-софа и една спална, купатило со када, телефон, електричен бокал, телевизор, балкон, фен.

 

ПОПУСТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА:

15% попуст за резервации направени до 30.10.2018, со 100% уплата до 15.11.2019
10% попуст за резервации направени до 30.11.2018, со 100% уплата до 15.12.2019

* Попустот за рани резервации и дополнителниот попуст НЕ се комбинира

Дополнителен попуст:

7=6 , 10=9, 14=12, за сите периоди, освен за Новогодишниот период

ЦЕНИ ИЗРАЗЕНИ ПО ЛИЦЕ НА ДЕН, НА БАЗА ПОЛУПАНСИОН

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 62 МКД

http://zarabansko.com/en/

Во цената е вклучено:

  • Ноќевање со појадок и вечера

  • Користење на детскиот сектор во внатрешниот базен

  • Користење на парна бања, сауна, фитнес, џакузи, детско игралиште во градината

  • Ски Гардеробер

  • Трансфер од хотелот до гондолата wi fi во целиот хотел.

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса од 1€ по лице на ноќ;

  • Патничко Осигурување;

  • Индивидуални трошоци.

Доплати за НГ вечера:

  • Ресторант - Основна сала - 70€ / 37€ (возр./дете(4-11,99г.)

  • Ресторант - Дополнителна Сала - 60€ / 32€ (возр./дете(4-11,99г.)

  • * Цената вклучува празнична вечера по специјално празнично мени и празнична шоу програма

  • ** Пансионската вечера до 31.12, нема да се служи. Наместо неа, на 01.01.2020 ќе биде послужен ужина-ручек

Доплата за Божиќна вечера:

  • 25€ / 15€ (возр./дете(4-11,99г.)

  • * Вечерите на 24.12 и на 25.12 се празнични и ќе се служат по претходно подготвено и традиционално мени

Отказ на резервации:

  • За отказ на резервации после наведениот рок, во период на Божиќ и НГ, санкциите се 100%

  • За непристигнати гости, No Show, во сите сезони, санкциите се 100%, освен за Рекламната Сезона, кога санкциите се 2 ноки (доколку резервацијата е на 1 ноќ, тогаш и санкцијата ќе е 1 ноќ)

  • При предвремено заминување од хотелот, НЕ следува рефундација на средства.

Дополнителни услуги:

  • Надворешен паркинг - бесплатно;

  • Детско креветче - 5 лв. На ден;

  • Хотелски влечки - 3 лв од пар;

  • Сеф - 4 лв.на ден;

  • Ски гардероберот е за чување на лични ствари. Опремата која е изнајмена од надворешни ски сервиси, НЕ е дозволена за чување во хотелската ски гардероба

Политика за сместување:

  • Деца до 5,99 год. се сместуваат бесплатно во хотелот;

  • Дете од 6 до 11,99 год. сместено на дополнително легло со двајца возрасни, плаќа 50% од цената по лице;

  • Второ и Трето дете од 6 до 11.99 год. сместени на дополнително легло, со двајца возрасни - плаќаат по 50% од цената за возрасен;

  • Возрасен сместен на дополнително легло - плаќа 70% од цената по лице;

  • Еднокреветната соба се плаќа 80% од цената за двојно сместување во соодветниот тип / не се однесува за апартманско сместување /

  • Деца од 6 до 11,99 год., сместени на редовно легло со еден возрасен - плаќа 70% од цената по лице / не важи за Новогодишниот период /

Напомена:

  • При промена на дата на престој или имиња на патници, кај резервација направена со попуст за рани резервации, а после наведениот датум, Попустот во овој случај се губи.

  • При користење на дополнителниот попуст, бесплатно е последното ноќевање.

  • Дополнителените попусти можат да се користат, после 01.11, по завршувањето на попустот од рани резервации од 15%

  • При резервација направена на 7 ноќевања, во период од 01.11 до 30.11, се користи дополнителниот попуст, НЕ се користи попустот од 10%. (освен за НГ период)

  • При резервација направена на 7 ноки, во период од 01.11 до 30.11, а при престој во Новогодишниот период, се користи попустот од 10%, НЕ се користи дополнителниот попуст 7=6.

  • Божиќната и Новогодишната вечера се ЗАДОЛЖИТЕЛНИ

  • За групи се сметаат барањата за резервации на минимум 10 соби, за еден ист период

  • Појадок и вечера на шведска маса. Во случај на помалку од 20 лица во хотелот, шведската маса може да се замени со степено мени. Менито го избира главниот кувар на хотелот.

  • Цените се изразени во евра, плаќањето се врши во денарска противвредност по курс од 1€=62 ден.

  • Хотелот го задржува правото за промена на цената или понудата.

Опис, Капацитет и сместување:

  • Стандардна соба - макс. сместување за 2 лица (2 pax.)

  • * Стандардните соби се сврзани соби, со заеднички влез и заеднички балкон

  • Делукс соба - макс.сместување на две лица на редовно легло и две деца до 11,99 год. на дополнително легло или еден возрасен (2+2 / 3)

  • Апартман со една спална - макс.сместување на две лица на редовно легло и две деца до 11,99 год. на дополнително легло или двајца возрасени (2+2 / 4) Апартман со две спални - апартман / мазонет / е само 1 во хотелот и се резервира со претходно барање до хотелот. Располага со 2 спални, на 2 спрата. Секоја спална си има свој тоалет и тераса. Дневната соба е на долниот спрат со голем кревет, идеален за 2 возрасни. Максималниот капацитет е 6 возрасни.

  • Мазонетот се наоѓа на 5 спрат од хотелот.

1/1

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување