ЗАПОЗНАЈ ЈА МАКЕДОНИЈА

4 ДНЕВНА ТУРА

15 ГРАДОВИ

ПОАЃАЊЕ ПО ДОГОВОР

ТРАНСФЕР ОД ПРИЛЕП И ОХРИД

ИНФОРМАЦИИ НА 046/265-033

ИЛИ ВО АГЕНЦИЈА

ПРВ ДЕН | БИТОЛА – КРУШЕВО – ПРИЛЕП – КАВАДАРЦИ – НЕГОТИНО – ДОЈРАН – СТРУМИЦА

Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 08.00 часот. Заминување кон Крушево. Патување преку Демир Хисар.
КРУШЕВО: Посети: Мечкин Камен/ Македониумот/гробот и Спомен куќата на Тоше Проески. ПРИЛЕП: Могилата на непобедените / Споменикот на Александар Македонски / Старата Чаршија КАВАДАРЦИ: Панорамски разглед на градот НЕГОТИНО, ДЕМИР КАПИЈА, ДОЈРАН, СТРУМИЦА: Посета на манастирите Водоча и Вељуса. Сместување во хотел. Вечера. Разглед на градот. Ноќевање.


ВТОР ДЕН | СТРУМИЦА – РАДОВИШ – ШТИП – ВЕЛЕС – СКОПЈЕ – ТЕТОВО – ГОСТИВАР – МАВРОВО
Појадок. Заминување кон Радовиш. РАДОВИШ: Посета на црквата Св.Троица во Радовиш ШТИП: Посета на црквата СВ.Никола, Музејот ВЕЛЕС: Разглед на градот, Саат Кулата, Споменикот на Кочо Рацин. СКОПЈЕ: Панорамски разглед на градот, Посета на Црквата Св.Спас, Гробот на Гоце Делчев, Старата Скопска Чаршија, Камениот Мост, Плоштадот со спомениците, Музејот на ВМРО, Соборната Црква Св.Климент Охридски. Искачување на Водно со жичарницата каде ќе можите да уживате во погледот кон Скопје. МАВРОВО: Попатно
патување преку ТЕТОВО: со попатна посета на Шарена Џамија, ГОСТИВАР до Маврово. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.


ТРЕТ ДЕН | МАВРОВО – ДЕБАР – ВЕВЧАНИ – СТРУГА – ОХРИД
Појадок. Заминување по кањонот на Радика до еден од најубавите манастири Ман. Св.Јован Бигорски. Посета на Манастирот Св.Ѓорѓија Победоносец во Дебар. Патување кон Вевчани. Посета на познатите Вевчански Извори и Црквата Св.Никола. Пристигнување во Струга. Посета на Манастирскиот Комплекс Св.Богородица во Калишта. Заминување за Охрид. Сместување во хотел. Слободно време. Вечера.
Ноќевање.


ЧЕТВРТ ДЕН | ОХРИД – СВ.НАУМ – БИТОЛА
Појадок. Разглед на Охрид и сите знаменитости (Св.Софија, Плаошник, Самоиловата тврдина, стариот дел на градот). Заминување кон Свети Наум. Посета и разглед на манастирскиот комплекс. Можност за посета на изворите на Црн Дрим со кајче. Слободно време за уживање во убавините на комплексот. Поаѓање за Битола. Пристигнување во Битола околу 19.00 часот.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 11.500,оо МКД


ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Превоз со вискотуристички автобус – мини бус
• Сместување во хотели со 3 и 4 **** според програмата на база полупансион (појадок/вечера)
• Разгледи на културно – историските споменици според програмата
• Локален водич за разглед на Скопје и Охрид
• Организација и водство на патувањето
• Пратител и водич на групата за цело време на патувањето
• Влезници за културно – историските споменици

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување