top of page

Acerca de

Slika1.jpg

ЗАГРЕБ

ЗАГРЕБ 

НОВА ГОДИНА – Загреб 2023
30.12.2022-02.01.2023

Дочекајте ја Нова година во хрватската метропола,со посета на еден од најголемите и најпопуларни Божиќни маркети во Европа

 

1 ДЕН (30/12/2022 – Петок): СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ
Состанок со групата на паркингот пред хотел “Holiday Inn” во 19.30 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.

2 ДЕН (31/12/2022 – Сабота): ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица… Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќнaта магија. 
Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено.
Вечерта дочек на Новата Година на плоштадот. Ноќевање.

3 ДЕН (01/01/2023 – Недела): ЗАГРЕБ – ЉУБЉАНА – ЗАГРЕБ
Појадок. Факултативна посета на Љубљана. Разгледување на градот:  Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц  Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица  која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб. Вечерта,  повторно уживање во празничната магија на градот. Можност да си купите “licitar” – црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска, денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење. Ноќевање.

4 ДЕН (02/01/2023 – Понеделник): ЗАГРЕБ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”.
Попладне, поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

  

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 € (12.960,00 денари)

За уплата до 30 Ноември 2022: 189 € (11.720,00 денари)

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје
– Сместување во хотел Aristos 4* во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
– Организиран разглед на Загреб со локален водич
– Посета на Christmas market
– Посета на шопинг центар “Arena Centar”
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Посета на Љубљана 40 €
– Патничко – здравствено осигурување
– Туристичка такса 370 ден. по лице за целиот престој (се плаќа во Агенција)

 

ДОПЛАТИ И ПОПУСТИ:
– Доплата за еднокреветна соба 4100 денари
– Доплата за избор на седиште во автобус 10 €
– Дете до 3 години гратис (без легло)
– Дете од 3-7 години (без легло, спие со родители) 1860 ден за две ноќевања

bottom of page