ЗАГРЕБ | ГРАЦ | РИГЕРСБУРГ

1 ден (петок – 06.12.2019): ОХРИД – БИТОЛА

Организиран трансфер од Охрид. Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 15:30 часот. Поаѓање за Хрватска во 16:00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград... ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден (сабота – 07.12.2019): ЗАГРЕБ – ГРАЦ

Пристигнување во Загреб во утринските часови. Разглед на градот со локален водич... Горен град – црквата Св. Марко, Банската Палата, Загребската Катедрала, плоштадот Капитол, кулата Лотрсчак, пазарот Долац, Долни град – плоштадот Бан Јелачич, цветниот плоштад... слободно време во центарот на градот, до поаѓањето за Грац. После пладне поаѓање за Грац. Патување преку Словенија до Австрија. Пристигнување во Грац и сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (недела – 08.12.2019): ГРАЦ

Појадок. По појадокот следува панорамски разглед на градот: зградата на Операта, фонтаната која ги претставува четирите реки: Мура, Драва, Енс и Сан, старото градско јадро кое е под заштита на УНЕСКО како добар пример за постоење и функционирање на објекти од различни временски периоди, Ландхаус – ренесансна палата, главниот градски плоштад со зградата на Општината, римокатоличка црква, слаткарницата отворена во 1596 година... разгледот продолжува до реката Мура, односно до Островот на Мура, направен по повод прогласувањето на Грац за престолнина на европската култура. Слободно време во центарот на градот и уживање во предбожиќната атмосфера. Во вечерните часови враќање во хотелот. Ноќевање.

 

4 ден (понеделник – 09.12.2019): ГРАЦ – РИГЕРСБУРГ

Појадок. После појадокот одјавување од хотелот. Заминување за факутлативна посета на фабриката за чоколади “Zotter” која се наоѓа во Ригерсбург. На оваа тура имате можност за прошетка низ фабриката и дегустација на преку 100 различни видови на чоколадо до крајот на истата. Обиколката започнува од Какао киното со приказната за производство на Zotter чоколадите, обиколката трае околу 1 час и 30 минути, има неколку станици за дегустација, каде примероците од течно чоколадо за дегустација пред посетителите доаѓаат со најмалата жичара на светот. На следните станици може да се пробаат различни вкусови на чоколадо: со овошје, со цимет, со ѓумбир, со чили итн. На крајот на турата е просторијата каде може да купите чоколади и за вашите драги. После разгледот враќање во Грац и поаѓање за Македонија. Патување преку Словенија, Хрватска и Србија.

 

5 ден (вторник – 10.12.2019): БИТОЛА – ОХРИД

Пристигнување во Битола во пладневните часови.

 

Цена на аранжманот: 9.940,00 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Организиран превоз на горенаведената релација

  • 2 ноќевања со појадок во хотел во Грац

  • разглед на Загреб со стручен локален водич

  • разглед на Грац со стручен локален водич

  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • посета на фабриката за чоколади “Zotter” во Ригерсбург - 25€ по лице

  • патничкото осигурување

 

Напомена:

 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. 

 

 Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување