ВРАХОС | ВИЛА ВЕЛИРАСИОС

Вила Велирасиос се наоѓа во Врахос, една од постарите сместувачки капацитети во Врахос на помалку од 50метри одалеченост од плажа, изолирана од бука и врева. Oд плажа ја дели само улица и паркинг. Вилата е опкружена со зеленило, преполн двор со цвеќиња и дрва.

Опис на објектот

Собите се двокреветни со две единечни легла плус едно легло на расклопување (фотеља), поволно за дете до 12год. Повеќе лица од 3 неможат да се сместат и не е дозволено. Собите имаат мала чајна кујна, опремена со основни елементи за готвење и јадење, ТВ, интернет, сопствен тоалет со туш, и балкон, клима со доплата на лице место од 5€

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Цената е за НАЕМ на СОБА за 8 дена / 7 ноќевања

VRAHOS - VELIRASIOS.png

Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари

Wi-fi: вклучен во цената.

Доплата за клима уред: 5 евра на ден на лице место.

Во цената не е вклучен превоз.  

Повратен превоз до Врахос чини: ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Врахос:
Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице
Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 50€ по лице
Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 45€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Врахос:
Битола ((Главна автобуска станица) – 40€ по лице
Прилеп (бензинска пумпа Лукоил ) – Трансфер до Битола  – 45€ по лице
Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 45€ по лице
Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 45€ по лице
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола -45€ по лице
Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -45€ по лицe

– Деца до 1,99 години бесплатно

 

Време на поаѓање кон Грција:

01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
04:00 h Битола (Главна автобуска станица)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

 

Време на заминување од Грција:

Бус Лефкада (времињата се по МК време)
Агиос Никитас 12.30 ч / Нидри 13.00 часот
Никиана 13.30 ч / Канали 14.15 часот

Бус Парга-Врахос
Врахос 13.00 часот /Амудиа 13.15 часот / Парга 13.45 часот

press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
1/1

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,

Попустите не може да се комбинираат,

Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 год. во кревет со родител,

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

Важат Општите услови на патување.

 

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

По завршувањето на Вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба.

Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на студиото/апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.

Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.