ВИЕНА | САЛЗБУРГ

1 ден (среда – 20.05.2020): ОХРИД – БИТОЛА  

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во Битола на паркингот пред спортската сала во 14:00 часот. Поаѓањeза Виена. Патот води преку Србија и Унгарија. Денско и ноќно патување, со попатни одмори и царински формалности.

 

2 ден (четврток – 21.05.2020): ВИЕНА

Пристигнување во Виена во попладневните часови. Сместување во хотел. Кратко време за одмор и поаѓање кон палатата Шенбрун, каде во 20:00 часот започнува спектакуларниот летен концерт на Виенската Филхармонија. Повеќечасовно уживање во неповторливата свечена аристократска атмосфера под отворено небо, во градината на дворецот. Околу полноќ, по завршувњето на коцертот, враќање во хотелот. Ноќевање.

 

3 ден (петок – 22.05.2020): ВИЕНА

Појадок. После појадокот, упатување кон центарот на Виена. Панорамски и пешачки разглед на градот на уметноста, културата, аристократијата: кругот Рингштрасе, Операта, општината – Ратхаус, Музејот на модерна уметност, Природно Научниот Музеј, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, зимскиот дворец Хофбург, Хундертвасерхаус итн. Слободно време во центарот на градот за прошетки и шопинг на Грабен или Мариахилферштрасе. Во доцните попладневни часови состанок на групата, можност за посета на луна паркот Пратер. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден (сабота – 23.05.2020): ВИЕНА

Појадок. После појадокот, упатување кон центарот на градот. Факултативна посета на дворецот Хофбург, кралските апартмани, музејот на Сиси и сребрената колекција, можност да се доживее секојдневието на кралевите во нивната зимска резиденција, почнувајќи од кралските скали, просторијата за собири, салата за состаноци, спалните соби, собите за дневен престој и аристократски вечери... После посетата на дворецот, предлагаме еден нов интересен и интерактивен начин на запознавање на градот и историјата – Патување во времето: Влегуваме во подрумот на манастриот Св. Михаил, каде не пречекува холограм на фратерот кој според легендата се изгубил и до ден денес лута по ходниците. Слушаме за историјата на Виена од восочните фигури на Франц Јозеф и Сиси. Одиме во 5Д кино, каде патуваме и се бориме, ја основаме Виена и  заедно со мајсторите трчаме по скелињата на тогаш идната, денес грандиозна катедрала. По нозете не удираат опашки од стаорци кои донесоа чума во Виена, пукаме од бедемите во турската војска и одеднаш... мир! Се гради нова Виена, цут на културата, Моцарт и Штраус пишуваат нова историја, за потоа... повторно експлозија, сирени, војна... се до модерна Австрија. По околу 50 минути патување назад во времето, се враќаме во нашето време.Слободно време во центарот на градот и можност за посета на некој од бројните музеи. Во доцните попладневни часови упатување кон областа Гринциг или време за посета на традиционална кафетерија или ресторан во центарот на Виена. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

5 ден (недела – 24.05.2020): ВИЕНА – САЛЗБУРГ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување кон Салзбург. Пристигнување после пладне. Разглед на градот, пешачка тура: Дворецот Мирабел и градинат, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедралата, глокеншпил, надбискупска резиденција, најстариот ресторан во Европа од 8 век. Слободно време за прошетки низ градот. Поаѓање за Битола во вечерните часови.

 

6 ден (понеделник – 25.05.2020): БИТОЛА – ОХРИД

Пристигнување во Битола во попладневните часови. Трансфер за патниците од другите градови.

 

Цена на аранжманот: 12.940,00 денари

Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација

  • 3 НП во хотел со 3* во Виена

  • Разглед на Виена со стручен локален водич

  • Проследување на летниот концерт во Шенбурн на Виенската Филхармонија

  • Разглед на Салзбург

  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патување во времето, интерактивна тура од 50-тина минути  – 19.5€*

  • Посета на Хофбург, кралските апартмани, музејот на Сиси и сребрената колекција со стручен водич – 25 €*

  • Патничкото осигурување

 

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean