1 ден (четврток – 06.12.2018): СКОПЈЕ – ВИЕНА

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 16.00 ч. и поаѓање за Виена во 16:30ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден (петок – 07.12.2018): ШОПИНГ ЦЕНТАР PARNDORF – ВИЕНА

Во претпладневните часови се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг... По пристигнување во Виена  почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург... Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта, трансфер до центар и слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

 

3 ден (сабота – 08.12.2018): ШЕНБУРН

Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (индивидуално). Ноќевање.

4 ден (недела – 09.12.2018): ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед од 360о на градот). Се враќаме во центарот на Виена... слободно време за индивидуални прошетки и активности. Во попладневните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден (понеделник – 10.12.2018): СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

Цена на аранжманот: 8.620,00 денари – за УПЛАТА до 10.11.2018 година.

Редовна цена на аранжманот: 9.240,00 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

  •   Превоз со високотуристички автобус

  •   Сместување во хотел со 3* во Виена (околина) на база на 2 НП (нокевање/појадок)

  •   Посета на шопинг центар Парндорф

  •   Професионален туристички придружник

  •   Организација и реализација на програмата

 

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

  •   Разглед на Виена со локален водич - 10€

  •   Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 30€

  •   Факултативна посета на  традиционален австриски ресторан Грицлинг – 25€ - мин. 30 лица за реализација

  •   Дунавска Кула (превоз + влезница) – 10€

  •   Патничко осигурување

  •   Доплата за еднокреветна соба – 2.100,00 денари

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean