1 ДЕН (недела – 29.12.2019): СКОПЈЕ – ВИЕНА

Состанок со групата  во 11.30 ч. на паркингот пред спортска сала Борис Трајкоквски, поаѓање за Виена во 12:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

 

2 ДЕН (понеделник – 30.12.2019): ВИЕНА

Пристигнување во Виена во предпладневните часови. Посета на OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF . Слободно време за шопинг. Патувањето продолжува кон Виена. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во предновогодишната атмосфера низ украсените улици на Виена. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ДЕН (вторник – 31.12.2019): ВИЕНА

Појадок. После појадокот факултативно заминуваме на панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург... Слободно време за индивидуална прошетка во центарот на Виена. Новогодишната магија се чувствува на секој агол. Враќање во хотел и слободно време за одмор и припреми за дочекот на Новата Година. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена за дочек на Нова Година 2017 – плоштад РАТХАУС (Rathaus Wien). Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

 

4 ДЕН (среда – 01.01.2020): ВИЕНА

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф). После тоа, слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Во договорено време, факултативна посета на Дунавската Кула. Поаѓање кон Скопје во попладневните часови со попатни паузи за одмор.

 

5 ДЕН (четврток – 02.01.2020): СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 15.11.2019: 145 € / 8.990 денари

 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 155 € / 9.610 денари

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  •       Превоз со високотуристички автобус

  •       Сместување во хотел  3*на база 2НП

  •       Професионален туристички придружник за време на целото патување

  •       Посета на шопинг центар ПАРНДОРФ

  •       Организација и реализација на програмата

  •       Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Охрид, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  •       Влезница за дворецот Шенбрун – 40€ - (влезница + локален водич + превоз)

  •       Разглед на Виена со локален водич – 10€

  •       Дунавска Кула – 20€

  •       Задолжително патничко осигурување – 175 ден

  •       Индивидуални трошоци и се што не е наведено во програмата

 

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

  •  За уплати на “early booking” потребна е уплата 30% од вкупната сума на аранжманот

  •  Попустите не се комбинираат

  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди час и место на поаѓање.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување