ВЕНЕЦИЈА

1 ден (петок – 26.04.2019): ОХРИД – БИТОЛА 

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во Битола на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 10.30 часот. Поаѓање за Италија во 11.00 часот. Патот води преку г.п. Табановце, Ниш, Белград, Загреб... денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори и царински формалности.

 

2 ден (сабота – 27.04.2019): ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Во претпладневните часови пристигнување во близина на Палманова и посета на популарниот Palmanova Outlet Village. Слободно време. После пладне продолжување на патувањето кон Лидо Ди Јесоло, најпознатото летувалиште на италијанската обала на Јадранско море, во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуален разглед на летувалиштето, шопинг во локалните продавнички за облека и сувенири, забавување во бројните кафулиња. Ноќевање.

 

3 ден (недела – 28.04.2019): ВЕРОНА – ПАДОВА

Појадок. После појадокот, поаѓање за факултативен целодневен излет во Верона и Падова. Пристигнување во Верона во претпладневните часови. Време за прошетка низ градот на вечната љубов, плоштадот Бра со Римската арена, виа Мацини – главната пешачка зона, плоштадот Ербе, столбот на срамот, куќата на Јулија, можност за шопинг и уживање во традиционалната италијанска кујна. Продолжување на патувањето кон Падова. Пристигнување и разглед: еден од најубавите плоштади во Италија – Прато дела Вале, базиликата Св. Антонио, базиликата Св. Јустина... слободно време. Во доцните попладневни часови враќање во хотелот во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

 

4 ден (понеделник – 29.04.2019): ВЕНЕЦИЈА 

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот – факултативно – заминување за Пунта Сабиони (трансфер на брод) се до Венеција. Разглед на градот со стручен водич... Дуждевата Палата, мостот Риалто, плоштадот со црквата Сан Марко, мостот на воздишките, каналот Гранде... Во попладневните часови враќање со брод до Пунта Сабиони. Поаѓање кон Македонија.

 

5 ден (вторник – 30.04.2019): БИТОЛА – ОХРИД

Пристигнување во Битола во попладневните часови. Трансфер за патниците од другите градови.

 

Цена на аранжманот: 7.940,00 денари

Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација

  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3 * во Лидо Ди Јесоло

  • Посета на Outlet Palmanova

  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Верона и Падова – 20 € по лице (потребен е минимум од 30 лица)

  • Посета на Венеција (повратен билет за бродот кој води за Венеција од Пунта Сабиони и обратно + локален водич) – 25 € по лице  (потребен е минимум од 30 лица)

  • Туристичка такса 1-2€ по лице од ноќ

  • Патничко осигурување

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

1/1

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување