
ВЕНЕЦИЈА - ВЕРОНА - ФИРЕНЦА
1 ден (среда – 10.10.2018): ОХРИД – БИТОЛА
Организиран трансфер за патниците од Охрид. Поаѓање за Италија во 10:30 часот од Битола. Патот води преку г.п Табановце, Ниш, Белград, Загреб...денско и ноќно патување – со кратки попатни одмори.
2 ден (четврток – 11.10.2018): ПУНТА САБИОНИ – ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО Ди ЈЕСОЛО
Пристигнување во Пунта Сабиони во утрински часови - трансфер до траектот и превоз со брод до Венеција. Разглед на градот со стручен водич...Дуждевата Палата, мостот Риалто, плоштадот со црквата Сан Марко, мостот на воздишките, каналот Гранде...враќање со брод до Пунта Сабиони и сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време за одмор или индивидуален разглед на едно од најголемите Италијански летувалишта...Ноќевање.
3 ден (петок – 12.10.2018): ФИРЕНЦА
Појадок. По појадокот – слободен ден или факултативен целодневен излет за лулката на ренесансата и еден од најбајковитите градови во Италија и светот...разглед на градот – плоштадот Сињори, куќата на фамилијата Медичи, Академијата со надалеку познатата скулптура на Микеланџело – Давид, Палатата Векио, крстилницата Сан Џовани, прекрасната катедрала Дуомо, мостот Понте Векио, галеријата Уфици...планирано враќање во Лидо Ди Јесоло во вечерните часови. Ноќевање.
4 ден (сабота – 13.10.2018): ВЕРОНА – ЛАГО Ди ГАРДА
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање за Лаго Ди Гарда... Разглед на живописниот град Sirmione кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото. Градот го карактеризира старата тврдина од XIII век Scaligera, како и тесните улици, новиот дел на градот е права оаза од преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. Околу пладне – поаѓање за Верона...разглед на градот...плоштадите Бра и Ербе, Арената, Стариот град, куќата на Јулија...Планирано поаѓање за Македонија околу 17.00 часот, со попатна посета на ТЦ ПАЛМАНОВА или некој друг трговски центар...Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.
5 ден (недела – 14.10.2018): БИТОЛА – ОХРИД
Пристигнување во Битола во пладневните часови. Трансфер за патниците од другите градови.
Цена на аранжманот: 6.990,00 денари – за УПЛАТА до 15.09.2018 година!
Редовна цена на аранжманот: 7.490,00 денари
Цената на аранжманот вклучува:
Автобуски превоз на горенаведената релација,
посета на Верона,
2 Н/П во хотел со 3* во Лидо Ди Јесоло,
разглед на Венеција со стручен водич,
организација, водство и реализација на аранжманот.
Цената на аранжманот не вклучува:
Факултативните излети и посети,
влезниците при посета на културно-историските споменици,
патничкото осигурување.
ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА:
Повратен билет за бродот кој води за Венеција (Punta Sabioni) – 25 € по лице,
факултативна посета и разглед на Фиренца - 45 € по лице (превоз + стручен водич...потребен е минимум 25 лица).
Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 05.10.2018!
Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.