ЛИДО - ВЕРОНА - ВЕНЕЦИЈА - ФИРЕНЦА

1 ден (среда – 10.10.2018): ОХРИД – БИТОЛА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО:

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Поаѓање за Италија во 09:00 часот. Патот води преку Србија, Хрватска и Словенија... Денско и ноќно патување со кратки попатни одмори.

 

2 ден (четврток – 11.10.2018): ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО:

Пристигнување во Италија во утринските часови. Посета на трговски центар, слободно време за одмор, кафе и купување. Пристигнување во Лидо ди Јесоло, околу пладне. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Можност за уживање на долгата и широка плажа доколку дозволуваат временските услови, индивиудална посета на аквариумот и прошетки низ местот. Ноќевање. 

 

3 ден (петок – 12.10.2018): ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕРОНА:

Појадок. Организирана факултативна посета на Верона. Организирана прошетка низ Верона со посета на: Големата арена, Плоштадите Бра, Ербе, Дел Сињори, замокот Векио, куќата на Јулија, Катедралата, амфитеатарот...  слободно време за индивудуални прошетки, ручек, купување. Во доцните попладневни часови враќање во Лидо ди Јесоло. Вечера.

 

4 ден (сабота – 13.10.2018): ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ФИРЕНЦА:

Појадок. По појадокот организиран факултативен излет за Фиренца. Околу пладне пристигнување во еден од најубавите ренесансни градови на светот. Разглед на градот со стручен водич... плоштадот Сињори, крстилницата Сан Џовани, статуата на Давид, мостот Векио, Академијата Уфици, Катедралата Дуомо... слободно време. Собир на групата на претходно договорено место во доцните попладневните часови. Враќање во Лидо ди Јесоло во вечерните часови. Ноќевање.  

 

5 ден (недела – 14.10.2018): ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА:

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за организиран излет за Венеција. Пристигнување во Пунта Сабиони и трансфер со брод до Венеција. Разглед на градот со стручен водич... Дуждевата Палата, мостот Риалто, плоштадот со црквата Сан Марко, мостот на воздишките, каналот Гранде... слободно време. Во попладневните часови, враќање со брод во Пунта Сабиони и поаѓање за Македонија.

 

6 ден (понеделник – 15.10.2018): БИТОЛА – ОХРИД

Пристигнување во Битола околу пладне. Трансфер за патниците од другите градови.

 

Цена на аранжманот: 8.790,00денари

Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација,

  • 3 ноќевања во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло

  • Организација, водство и реализација на аранжманот.

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Верона – 10€

  • Посета и разглед на Фиренца со стручен локален водич –  35€

  • Посета и разглед на Венеција со стручен локален водич – 20 €

  • Туристичка такса во хотелот – 1,5 € од ноќ

  • Патничко осигурување

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. За сите факултативни излети потребен е минимум од 30 лица за реализација. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување