ИСТАНБУЛ

1 ДЕН (21.04.2022 – Четврток): МАКЕДОНИЈА | ИСТАНБУЛ

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во Битола на Спортска Сала, во 16:15 часот. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот. Ноќно возење, со попатни паузи и царински формалности.


2 ДЕН (22.04.2022 – Петок): ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич и пешачка тура:Римски Аквадукт, Хиподром, Сулејмание, Света Софија, Капали чаршија. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.


3 ДЕН (23.04.2022 – Сабота): ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот факултативна посета на Балат - традиционален кварт во областа Фатих. Балат е најколоритниот дел од Истанбул и поради неговата богата историја, е заштитен како светско наследство од страна на УНЕСКО. Местото е познато по колоритни куќарки и кафулиња кои шират позитивна енергија, калдрмите и миксот од цркви, џамии и синагоги. Потоа посета на Пјер Лоти ридот со поглед на Златниот рог во Ејуп. Ридот на Пјер Лоти нуди спектакуларен панорамски поглед на седумте ридови во Истанбул, можност да се вкуси најубавото турско кафе и најубавото Ѓомлезе во градот.Вселенска Патријаршија, Чамлиџа, Ускудар, Ортакој и Таксим. Слободно време. Ноќевање.


4 ДЕН (24.04.2022 – Недела): ИСТАНБУЛ | МАКЕДОНИЈА

Појадок. После појадокот одјавување од хотелот. Посета на Мисир Чаршија. Потоа, предлагаме возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум, Ikea, Decatlon… Тргнување за Македонија во попладневните часови. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.



ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 4.900,00 денари


 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
• Сместување во хотел со 3*** на база 2 ноќевања со појадок
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето
• Посета на Forum, Dechatlon и Ikea

 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Крстарење со брод по Босфор – 15 евра
• Посета на Азиски дел – 25 евра

• Пешчка тура и панорамски разглед со локален водич – 10 евра


• Доплата за 1/1 соба 30 % од вредноста на аранжманот
• Задолжително КОВИД патничко – здравствено осигурување
Напомени: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници.
• Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на одделни програми

press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
1/1