ВЕЛИГДЕН на Јонско море

Прославувањето на Велигден на остроф Крф се смета за нај традиционално во цела Грција. Повеќе илјада туристи се собираат на тој ден да го одбележат овој христијански празник и да се дел од оваа прекрасна комбинација од богата историја на островот со традиционалните религиозни обичаи.

1 ДЕН (21.04.2022 - Четврток): ОХРИД | БИТОЛА | ИГУМЕНИЦА | КРФ
Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во Битола во 23:30 часот на Спортска Сала - Битола. По граничните формалности, продолжување за Игуменица со попатни одмори. Ноќно патување.

2 ДЕН (22.04.2022 - Петок): КРФ | АХИЛЕОН
Пристигнување во Игуменитца. Пловидба со брод до островот Крф. Планирано пристигнување во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време до 16:00 часот. Посета на палатата на принцезата Сиси – АХИЛЕОН. После разгледот на палатата, се поаѓа према центарот на градот, каде се следи церемонијата со изнесувањето на епитафите од црквата Св. Ѓорѓи и од другите цркви во градот пратено од хорска музика, плех оркестри и групи од девојчиња со корпи цвеќе- симболот на островот. Сето тоа трае до 21.00 часот кога излегува и последниот епитаф од Митрополијата, пратен од звуците на големит хор на Митрополијата, следејќи ја таа несекојдневна процесија – оплакувањето на Христос. Ноќевање.

3 ДЕН (23.04.2022 - Сабота): КРФ 
Појадок.Претпладнето започнува процесијата: големата поворка со житијата на епитафот на патронот и заштитник на островот Св. Спиридон. Поворката се движи во ритам на тажниот мелос на композициите од познати италијански композитори, за на крајот да заврши со посмртниот марш од Бетовен. По завршувањето на последната поворка, околу 11:00 часот се случуваат два локални обичаи: Пилина и Мастело. Слободно време за индивидуален разглед. Во попладневните сати враќање во хотелот. Слободно време. Околу 21:00 часот се поаѓа према градот каде на големиот плоштад, најголем во цела Грција, се ожекува величенствениот миг – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ! Во тие моменти градот е осветлен од илјадници луѓе со свеќи во рацете, а небото го краси инпонзантен огномет, а сето тоа ги полни очите и срцата на луѓето. Враќање во хотелот. Ноќевање.

4 ДЕН (24.04.2022 - Недела): КРФ | ПАЛЕОКАСТРИЦА
Појадок. ПРВ ДЕН ВЕЛИГДЕН – ден на радоста. По улиците е живо и весело, се јаде и пие и она неизбежното традиционалното – се кршат јајца. Во пладневните часови се поаѓа Палеокастрица, живописно место на северниот дел од островот. Попатно се посетува фабриката за пијалоци и слатко од овошјето Кум-куат, кое расте единствено на островот. Слободно време во заливот Палеокастрица, за индивидуални активности. Во попладневните сати враќање во хотелот. Ноќевање.

5 ДЕН (25.04.2022 - Понеделник): КРФ | ЈАНИНА | БИТОЛА
Појадок. Во претпладневните часови поѓање со брод за Игуменитца, а потоа  продолжување со автобус за Битола, со попатни одмори и посета на градот Јанина. Враќање во Македонија во доцните вечерни часови.


                              
ЦЕНА за РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА: 6.760,00 МКД
РЕДОВНА ЦЕНА на АРАНЖМАНОТ: 8.000,00 МКД



ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
– Превоз со модерен туристички автобус по наведената програма                 
– Превоз со брод на релација: Игуменица – Крф – Игуменица                        
– 3 ноќевања во хотел 3* со појадок (секоја соба АЦ,ТВЦ,ТВ) 
– Организација подготовка и водство на аранжманот 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Разглед на градот, брдото Канони, Палеокастрица – 15 евра 
– Посета на палатата Ахилеон – влезницата се наплаќа на лице место  

press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
1/1