ВАЛОНА | СТУДИА РЕЏЕПИ

Објект кој се наоѓа на околу 150 метри од Лунгомаре, на 500 метри од центарот на Валона. Местоположбата е идеална и за дневни и за вечерни прошетки во најдинамичниот дел на градот и за релаксација на плажа.  Во близина на објектот се наоѓаат бројни ресторани, кафетерии, таверни и мини-маркети и во центарот на градот и долж пешачката Лунгомаре. Вилата располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни студија со комплетно опремена мини-кујна, ТВ, клима уред (користењето е вклучено во цената), тоалет, комфорни балкони, на високо приземје и прв спрат, убаво уреден и затворен двор.

VALONA - VILA REDJEPI.png

Цени:

 - Се дадени по лице, за минимум две платежни лица за 7 ноќевања, со вклучен автобуски превоз, по курс од 1€ = 61.8 ден

 - За аранжман со сопствен превоз се одобрува 25€ од вкупната цена по лице

 

Сместување:

 - Во 1/2, 1/3, 1/4 апартман дозволено е сместување на онолку лица колку што има кревети

- Трето и четврто лице или деца над 5 год. имаат бесплатно сместување во 1/3, 1/4 апартман, возрасни плаќаат само превоз 25€, деца од 5 до 12 години само превоз 20€

- Едно дете до 5 год. може да се смести бесплатно во кревет со родител во 1/2, 1/3 или 1/4 студио (плаќа само превоз 20€) со добиено одобрение од агенцијата и сопственикот на објектот

 

Попусти:

 - 7% за уплата на два или повеќе поврзани термини

- 15% за целосна уплата до 15.03.2021

 - 10% за целосна уплата до 15.04.2021

 - 5% за целосна уплата до 15.05.2021

Горенаведените попусти не можат да се комбинираат

 

Превоз:

 - Секоја сабота поаѓање од Битола во 04:00 час. враќање во времето одредено од пратителот на групата

- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да минува автобус

- Во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%, агенцијата има право на промена на цените за превоз   

- Цена за само автобуски превоз на наведените термини изнесува 25€ по лице

- 5€ доплата за пакет аранжман по лице со трансфер од Прилеп, 10€ со трансфер од Кичево

 

Напомена:

- За резервација со попуст, потребна е аконтација од 30% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 70% од износот треба да се доплатат во перидот додека трае месечниот попуст

- За дадената понуда може да се користат COVID-19 ваучерите издадени во 2020 година

- За сите нови резервации, во случај да не може да се организира патувањето поради виша сила, агенцијата гарантира рефундација на уплатените средства

- Во случај на веќе уплатен аранжман со попуст за рана уплата, средствата не се враќаат доколку патникот се откаже од патувањето, освен во случај отказот на аранжманот да е во периодот додека важи попустот за рана уплата со кој е уплатен аранжманот. Дозволена е промена на патници, доколку патникот најде замена, во било кој временски период до поаѓање.

- При промена на број на патници или термини или тип на сместување, дестинација, попустите дадени во дадениот месец нема да важат, односно ќе важат цените во периодот кога ќе се изврши промената

- Задолжително е здравствено и патничко осигурување и е одговорност на патникот да го набави во туристичка агенција или осигурителна компанија

- Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи

- Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода и притисок на вода, кои зависат од инфраструкутрата на дестинацијата.

- За аранжманот важат “Општи услови за патување за агенции членки на СКТМ” објавени на официјалната интернет страна на СКТМ. 

- Со потпишувањето на договорот за патување, патникот потврдува дека е свесен за ризиците кои може да произлезат од патување во време на пандемија и дека за истите агенцијата не сноси никаква одговорност

 

Куќен ред:

- Студијата/ апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 13:00 часот

- Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба, садовите измиени и отпадоците собрани. Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.

- При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.

- Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување или со посредување на претставникот од агенција, и на тоа се обврзуваат со поптпишување на договорот за патување

- Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставнците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите.

1/1