УБАВИНИТЕ НА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

2 ДНЕВНА ТУРА 
1  ЗЕМЈА

ПОАЃАЊЕ ПО ДОГОВОР

ТРАНСФЕР ОД ПРИЛЕП И ОХРИД

ИНФОРМАЦИИ НА 046/265-033

ИЛИ ВО АГЕНЦИЈА

ПРВ ДЕН | БИТОЛА – ВОДЕН – ПЕЛА – СОЛУН
Состанок на групата пред спортската сала во 06.00 часот. Поаѓање кон Солун. Попатна посета на Воден и водопадите. Заминување кон Пела. Посета на археолошкиот локалитет и музејот во Пела – престолнината и родното место на Александар Македонски. Пристигнување во Солун. Панорамски разглед на градот: Виа Игнација улицата, Црквата Св. Димитрија, познатите мермерни капитоли и прекрасните мозаици од 7 век. Аристотелос, Белата Кула, Пристаништето и друго. Слободно време за шопинг и раглед. Посета на
познатиот шопинг центар “Carrefour”. Сместување во хотел во Солун. Посета на таверна во стариот дел на Солун. Ноќевање.

ВТОР ДЕН | СОЛУН – МЕТЕОРИ – БИТОЛА

Појадок. По појадокот заминување кон Метеори. Патувањето води низ клисурата Темби. Попатна посета на Црквата на Света Петка во самата карпа и изворот на Света вода. Патувањето продолжува Тесалиската низ рамница прекрасните предели на па се до многувековните манастири на карпи “Метеори”, кои се на висина од 100-150 метри и се нарекуваат “Осмо светско чудо”. Тука ќе имате можност да се запознатете со животот на монасите кои бегајќи во изолација и барајќи духовен мир почнале да ги градат овие манастири уште во почетокот на 14 век. После разгледот на манастирите и уживање на прекрасните глетки од нив кон градовите Каламбака и Кастраки, одиме во посета на фабриката за рачна изработка на икони каде ќе имате можност да се запознаете со начинот на изработката на икони. Слободно време за купување на икони и сувенири. Поаѓање за Битола преку Кожани. Пристигнување во Битола во вечерните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 8.000,oo МКД


ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Автобуски превоз на дадената релација
• 1 полупансион (шведски стол) појадок и вечера во хотел со 4 или 5 * во Солун
• Разглед на Солун и неговите знаменитости
• Разглед на Меторите и посета на фабриката за икони
• Влезници за Метеорите
• Организација и водство на патувањето


ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Факултативните посети на таверна
• Останати неспоменати услуги


НАПОМЕНА:
• За реализација на аранжманот е потребен минимум број на 15 патници по автобус

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување