ТОСКАНА - ЧИНКВЕ ТЕРЕ

Уметност, историја, култура, гастрономија, вино, мода, сликовити пејсажи на магичната Тоскана и во нејзиното срце Фиренца, градот на Микеланџело, Леонардо Да Винчи, Донатело, Макијавели, Бокачо, Данте, Галилео Галилеј, Катерина Ди Медичи, Гучи и Кавали, колевката на „препородот“ после средновековниот мрак.

1 ден (четврток – 26.04.2018): БИТОЛА 

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 09.00 часот. Поаѓање за Италија во 09.30 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Загреб, Венеција, Падова...денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ден (петок – 27.04.2018): МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА 

Пристигнување во познатото туристичко место во пладневните часови, сместување во хотел. Слободно време за индивидуален разглед на градот или факултативна посета на Пиза, еден од главните градови – претставници на ренесансата и главен соперник на Џенова за превласт во Лигурското море...посета на Piazza Dei Miracoli (плоштадот на „чудата“) – местото каде се наоѓаат трите обележја на градот...катедралата Duomo, крстилницата San Giovanni, Кривата кула, катедралата Santa Maria Delle Spina…враќање во Монтекатини во вечерните часови. Ноќевање.

3 ден (сабота – 28.04.2018): МОНТЕКАТИНИ – ЛА СПЕЦИА – ЧИНКВЕ ТЕРЕ (Cinque Terre) 

Појадок. По појадокот - заминување (08:00) на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разглед на  регионот со локален водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен  туристички центар. Враќање во La Spezia. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.

4 ден (недела – 29.04.2018): САН ЏИМИЊАНО – СИЕНА 

Појадок. По појадокот – факултативен целодневен излет – “запознавање“ на Тоскана...авантурата ја започнуваме со прошетка до Сиена, родното место на Св.Катарина. Разглед на градот : црквата San Domenico, Casa di Santa Caterina, Piazza del Campo(плоштад во форма на школка, каде се одржува познатата трка со коњи – Palio),   Duomo e Battisterio…патот го продолжуваме натаму до живописното Сан Џимињано, познато по своите 14 средновековни кули кои сочинуваат една уникатна амбиентална целина...прошетка низ старото градско јадро и тесните улички на тоа прекрасно градче, сместено во покраината Chianti, позната по истоименото вино. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

5 ден (понеделник – 30.04.2018): ФИРЕНЦА 

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за лулката на ренесансата, еден од најбајковитите градови во Италија и воопшто во светот...разглед на градот...црквата Св.Крст – местото каде се погребани Микеланџело, Макијавели и Галилео, катедралата Santa Maria Del Fiore од XV век - крстилницата, еден од најстарите споменици во Фиренца од 1128. Година – Via Del Calzaiuoli – црквата San Lorenzo, некогашна катедрала, а денес последно почивалиште на познатата фамилија Медичи – Piazza Dela Signoria, главниот градски плоштад Palazzo Vechio, палатата во која се наоѓа копијата на Микеланџело – Давид – Loggia Dei Lanzi, познатата аркада на Пјаца Дела Сињориа која се граничи со галеријата Uffiziи Ponte Vechio, средновековниот мост преку реката Арно долж кој се наоѓаат голем број на златарници, сувенирници и сл. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Поаѓање за Македонија во 17.00 часот, со попатна посета на шопинг центар...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

6 ден (вторник – 01.05.2018): БИТОЛА 

Пристигнување во Битола во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 12.340,00 денари

Цената на аранжманот вклучува: 

Автобуски лиценциран превоз на горенаведената релација

3 НП во хотел со 3* во Монтекатини Терме

Разглед на Фиренца со стручен водич

Организација, водство и реализација на аранжманот

Цената на аранжманот НЕ вклучува: 

Посетата на Пиза – 10€ по лице

Факултативниот излет за Сиена и Сан Џимињано – 40€ по лице (превоз + локален водич, потребен е минимум од 25 лица)

Целодневниот излет на Cinque Terre – 45€ (трансфер, CinqueTerre card – воз до 5-те места, користење на wi-fi, трансфер од железничка до центар на Корнилија итн.)

Влезниците при посета на културно-историските споменици

Патничкото осигурување 

Комунална такса која изнесува 1,4 € по лице на ден (се плаќа на лице место, т.е. на рецепција во хотелот)

Напомена: Поради сообраќајните прописи што владеат во Монтекатини, можно е да автобусот не биде во можност да дојде до самиот хотел и Ве молиме тоа да го имате во предвид. Се молат патниците да водат сметка за своите патни исправи, парите и др. работи во текот на аранжманот. Организаторот на патувањето не е овластен и не може да ја цени валидноста на патните и други исправи на патниците. Застанувањата поради попатни одмори се предвидени на секои 3 – 4 саати возење, а истите ќе траат во зависност од капацитетот на рест-ареите и условите на патот.

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean