ВЕЛИГДЕН на Албански брег

1 ден (26.04.2019 – петок): ПРИЛЕП – БИТОЛА – РЕСЕН – ОХРИД – СТРУГА – ДРАЧ
Поаѓање во 06:30 часот Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга во 10:00 ч. Од Струга заминување за Алабанија, граничен премин Ќафасан.
Царински формалности, попатни одмори. Попладне пристигнување во Драч. Сместување во Hotel Akileda 3*. Слободно време. Пешачка прошетка во градот, со можност за разгледување на Античкиот амфитеатар, Венецијанската кула, Централниот плоштад со фонтаните и Големата џамија.Вечера, ноќевање.

 

2 ден (27.04.2019 – сабота): ДРАЧ – АРДЕНИЦА – БЕРАТ – ДРАЧ
Појадок. Слободен ден во Драч или факултативна посета на градот Берат и посета на светилиштето на христијанството во Албанија манастирот “Рождество на Богородица”  Арденица (со доплата 10 €) во придружба на локален водич. Пристигнување во Берат, Се смета дека древниот град Берат е еден од најстарите градови во Албанија, формиран уште во 6 век п.н.е. како илирска населба.. Разгледување на Стариот град со величествените ѕидини, Прошетка низ тесните улички со карактеристичните згради со широки фасади и големи прозорци и архитектура од XIX век. Градот е познат и како „Градот на илјада прозорци“, поради големите прозорци кои ги красат куќите. Градот е испреплетен со муслимански и христијански градби. Во него се наоѓа џамија од 15 век, како и бројни цркви (Св. Троица, Св. Илија) кои припаѓаат на Албанската православна црква, чија автокефалност била прогласена токму во Берат во 1922 г.
Исто така, Берат е познат по тврдината, позната како Кала, изградена во 13 век но чии почетоци датираат од 4 век п.н.е.Благодарение на богатото историско наследство од отоманскиот период, во 2008 година, централното подрачје на Берат било ставено под заштита на УНЕСКО. Исто така како посебна знаменитост во околината на Берат се издвојува пештерата Пирогоши. Факултативно ручек, или време за индивидуални прошетки. Во договореното време заминување за посета на манастирот “Рождество Богородично” Манастирот постои од ХIII век, а се зачувани уникатни фрески, зачувувајки го христијанството со векови. По посетата на Манастирот заминување за Драч. Слободно време, вечера, ноќевање.

3 ден (28.04.2019 – недела): ДРАЧ – КРУЈА – ТИРАНА – ДРАЧ
Појадок. Поаѓање во Круја, родниот град на националниот херој Скендербег. Можност за посета на средновековната тврдина, музејот Скендербег и Старата чаршија. По кафе паузата и прошетката низ старата чаршија, заминување за албанскиот главен град Тирана. Како град, Тирана постоел уште од 17 век, а главниот град на земјата е од 1920 година. Тој е најголемиот град во Албанија, град кој има своја боја. Панорамски разглед на градот од автобус: плоштадот со споменикот на националниот херој Скендербег, џамијата Етем бег од ХVІІ век, Пирамидата замислена како музеј на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, Националниот историски музеј, Палатата на претседателот, зградите на Министерствата, администрацијата, новите згради на банките, канцелариите, хотелите и првиот локален облакодер. Факултативно ручек, слободно време за индивидуални прошетки, посети, шопинг….. Во договореното време со придружнико од агенцијата заминување за Драч. По пристигнувањето слободно време за одмор. Вечера, заминување во црква за празнување на големиот христијански празник Велигден. По завршувањето на церемонијата враќање во хотелот. Ноќевање.

4 ден (29.04.2019 – понеделник): ДРАЧ – МАКЕДОНИЈА
Појадок. Слободно време. Договорено време за поаѓање кон Македонија од хотелот во 12:00 ч. Попатни одмори, царински фромалности. Пристигнување во Струга, Охрид, Ресен, Битола, Прилеп.

 

Сместување во  Hotel Akileda 3*
https://harmoniahotelsgroup.com/akileda-hotel/

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
: 6.140,00 денари (во двокреветна соба)

 

Доплати и попусти:

  • Трет возрасен на доп.легло во двокреветна соба: 6.080,00 денари

  • Еднокреветна соба + 50 % од сумата

  • Дете од 6 – 11,99 год. на дополнително легло плаќа 50 % од сумата

  • Дете од 0 – 5,99 год Бесплатно (не користи храна, седиште и легло во соба)

Цената на аранжманот вклучува:
• Превоз со лиценциран туристички автобус
• 3 полупансиони (ноќевања со појадок и вечера) во хотел Hotel Akileda 3*
• Целодневна посета на знаменитостите на Круја и Тирана
• Посета, прошетка на Драч
• Факултативно – Екскурзија до Берат и Арденица.
• Придружник од агенцијата
• Организација и реализација на аранжманот

Цената на аранжманот НЕ вклучува:
• Патничко осигурување
• Пијалок за време на оброците во хотелот
• Влезници за локалитети, музеи, знаменитости

1/1

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување