ТАСОС, ЛИМЕНАРИЈА | ВИЛА ПЕЛЕКАНОС
Објект сместен во централниот дел на Лименарија, на 200 метри од плажата во Лименарија и 10 минути пешачење од една од најубавите плажи во тој дел на Тасос, плажата Металија. Сместен на мирно место, со убава градина и сопствен бар во автентичен стил за потребите на гостите, во својот склоп има двокреветни и трокреветни студија, кои имаат комплетно опремена кујна, тоалет, балкони, ТВ, Wi-Fi и клима уред (со дневна доплата од 5€).
ПОПУСТИ:
7% за уплата на два или повеќе поврзани термини
30% за целосна уплата на BLACK FRIDAY
25% за целосна уплата во ДЕКЕМВРИ
20% за целосна уплата во ЈАНУАРИ
15% за целосна уплата во ФЕВРУАРИ
10% за целосна уплата во МАРТ
5% за целосна уплата воАПРИЛ
Горенаведените попусти не можат да се комбинираат

Цените се дадени по лице, за минимум две платежни лица за 7 ноќевања, со вклучен автобуски и бродски превоз, по курс од 1€ = 61.8 ден
- За аранжман со сопствен превоз се одобрува 35€ од вкупната цена по лице
- Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа директно во објектот
Сместување:
- Трето лице или деца над 6 год. имаат бесплатно сместување во 1/3 студио, плаќаат само превоз 35€
- Едно дете од 2-6 год. може да се смести бесплатно во кревет со родител во 1/2 или 1/3 студио (плаќа само превоз 25€) со добиено одобрение од агенцијата и сопственикот на објектот
- Користењето на клима уред е со доплата од 5€ на ден
Превоз:
- Поаѓање од Битола во 03:30 час. според термините во табелата, враќање во времето одредено од пратителот на групата
- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да минува автобус
- Цена за само автобуски превоз на наведените термини изнесува 35€ по лице (дете од 2-6 год. 25€)
- 5€ доплата за пакет аранжман по лице од Охрид, Струга, Кичево, Прилеп и Ресен
Напомена:
- За резервација со попуст, потребна е аконтација од 50% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 50% од износот треба да се доплатат додека трае месечниот попуст
- При промена на име и презиме, број на патници или термини, попустите дадени во дадениот месец нема да важат, односно ќе важат цените во периодот кога ќе се изврши промената
- Задолжително е здравствено и патничко осигурување
- Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи, како и бројот на искористени денови за престој во ЕУ.
- Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода.
Куќен ред:
- Студијата/апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 13:00 часот
- Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба.
- При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.
- Гостите се должни да ги остават апартманите и студијата во иста состојба како што ги затекнале. Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.
- Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.
- Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставнците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите.