СУТОМОРЕ | ВИЛА СКАУТ
Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе барови, дискотеки, забавни пракови за деца и други објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.
Сместувањето е во центарот на градот на само 250м од плажа и ги нуди следниве капацитети:
ВИЛА СКАУТ располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби. Секоја соба има клима , тоалет, фрижидер, тераса. Користењето на клима уредот е вклучен во цената. Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

Цените се изразени во евра и се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ (9 полни пансиони со вклучен превоз).
Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност (1 евро = 62ден.)
- Прво дете до 13.99 год. ПОПУСТ 50% од цената на аранжманот.
- Второ дете до 13.99 год. - ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра/не користи кревет).
Попустот важи за сместување со две возрасни лица (во трокреветна соба)
- Дете до 5 год. кое не користи кревет - ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра).
* Намалување за патување со сопствен превоз - 20 евра.
* Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица.
* Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на самото место.
Поаѓање за Црна Гора:
Прилеп (стара автобуска) – 02.00 часот
Кавадарци – 03.00 часот (пумпата кај Росоман)
Велес (пумпа Макпетрол, спроти мотел Македонија) – 04.00 часот
Скопје (Дрво Декор) – 05.00часот
Поаѓање од Сутоморе – 16,00 часот
-Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
-Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.