СУТОМОРЕ | ВИЛА ЕКСКЛУЗИВ
Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе барови, дискотеки, забавни пракови за деца и други објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.
Сместувањето е во центарот на градот на само 250м од плажа и ги нуди следниве капацитети:
Вила ЕКСКЛУЗИВ располага со двокреветни и трокреветни соби опремени со клима (вклучена во цената), Тв, тоалет, фрижидер и тераса. На секој кат во вилата има заедничка кујна опремена со основен прибор.
Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

Цените се изразени во евра и се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ (9 полни пансиони со вклучен превоз).
Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност (1 евро = 62ден.)
- Прво дете до 13.99 год. плаќа 50 % од цената на аранжманот
- Второ дете до 13.99 год. - ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра)
* Попустот важи за сместување со две возрасни лица (во трокреветна соба)
- Дете до 5 год. кое не користи кревет - ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра)
- Намалување за патување со сопствен превоз - 20 евра
- Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица
- Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на самото место
Поаѓање за Црна Гора:
Прилеп (стара автобуска) - 02.00 часот
Кавадарци (пумпата кај Росоман ) - 03.00 часот
Велес (пумпа Макпетрол, спроти мотел Македонија) - 04.00 часот
Скопје (Дрво Декор) – 05.00 часот
Поаѓање од Сутоморе - 16.00 часот
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.