СУТОМОРЕ | ВИЛА БОГОЕВИЌ
Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе барови, дискотеки, забавни пракови за деца и други објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.
Сместувањето во Вила БОГОЕВИЌ е во двокреветни, трокреветни и четворокретни соби. Собите на првиот кат и вториот кат се со заедничко купатило, односно на две соби има едно купатило. (колона 1 од табелата). На третиот кат собите имаат сопствено купатило, фрижидер, клима (колона 2 од табелата).

Цените се изразени во евра и се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ (9 полни пансиони со вклучен превоз).
Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност (1 евро = 62ден.)
-
Прво дете до 13.99 год. плаќа 50 % од цената на аранжманот.
-
Второ дете до 13.99 год. - ГРАТИС ( доплата за превоз 40 евра ).
-
Дете до 5 год. кое не користи кревет - ГРАТИС ( доплата за превоз 20 евра ).
-
Намалување за патување со сопствен превоз - 20 евра.
-
Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица.
-
Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на самото место.
Поаѓање за Црна Гора:
Прилеп (стара автобуска) – 02.00 часот
Кавадарци (пумпата кај Росоман) – 03.00 часот
Велес (пумпа Макпетрол, спроти мотел Македонија) – 04.00 часот
Скопје (Дрво Декор) – 05.00 часот
Поаѓање од Сутоморе – 16.00 часот
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15минути пред поаѓањето. Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.