СОЛУН-ПАРАЛИЈА-МЕТЕОРИ

1 ден (петок – 09.03.2018): ОХРИД – БИТОЛА – СОЛУН

Трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во Битола и поаѓање за Солун во 05:00 часот. Пристигнување и разглед на градот: плоштадот Аристотелис, познатите улици за шопинг Виа Игнација и Тсимицки, Белата Кула, црквата Св. Димитрија. Слободно време за шопинг. Во вечерните часови патувањето продолжува кон Паралија. Сместување во хотел.  Ноќевање.

 

2 ден (сабота – 10.03.2018): МЕТЕОРИ

Појадок. Целодневен факултативен излет до средновековните манастири Метеори, една од најголемите сензации во Грција. Манастирите се изградени на камени карпи на висина до 400 метри над гратчето Каламбака. Пештерите околу Метеора биле населени уште од  11 век од страна на христијаните, а во 14 век почнале да се градат манастирите. Во овој комплекс постоеле дваесет и четири манастири, а денес само шест се останати и отворени за посета и се под заштита на УНЕСКО. Во попладневните часови враќање во хотелот. Вечерта факултативно организирана вечера во грчка таверна. Ноќевање.

 

3 ден (недела – 11.03.2018): ВЕРГИНА – БИТОЛА – ОХРИД
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови посета на музејот на Вергина (факултативно) каде може да се види историски запис од периодот на Античка Македонија за време на владеењето на кралот Филип. Во попладневните часови заминување кон Македонија со попатна посета на маркетот Лидл во Лерин.. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 4.900,00 денари

 

Начин на плаќање: 30 % од износот при резервација. Останатиот износ до полната цена на аранжманот –  10 дена до поаѓање.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус

  • 2 ноќевања со појадок во хотел во Паралија

  • Организација и реализација на патувањето

  • Придружник на групата
     

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Факултативна посета на Метеори со влез во еден од манастирите – 10 евра (мин. 30 лица)

  • Факултативна вечера во грчка таверна – 15 евра

  • Доплата за еднокреветна соба – 20 евра (за двете ноќевања)

  • Трансфер од Скопје, Велес, Охрид, Струга и Кичево – 10 евра, Прилеп – 5 евра

  • Патничко осигурување (задолжително)

  • Други индивидуални трошоци

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean