СОЛУН-АТОС-СТАВРОС

1 ден (28.04.2018 – сабота): БИТОЛА – СОЛУН – СТАВРОС

Состанок на групата во 04:45 часот пред спортската сала “Младост”. Поаѓање во 05:00 часот за Грција. Пред пладне, пристигнување на центарот на Солун. Слободно време за прошетки, крстарење, посета на плоштадот Аристотелис, црквата св. Димитрија. Упатување кон комплексот трговски центри Cosmos, Jumbo, Ikea… слободно време за шопинг. После пладне продолжување на патувањето кон Ставрос. Пристигнување во Ставрос во попладневните часови. Сместување во двокреветни и трокреветни соби во вила Ципос. Слободно време за одмор, прошетки и уживање покрај плажа. Ноќевање.

 

2 ден (29.04.2018 – недела): СТАВРОС – АТОС

Во утринските часови заминување за факултативен излет на Атос – третиот крак, со стручен водич. Упатување кон Уранополис, пред границата со Света Гора – манастирската држава. Крстарење покрај Света Гора со можност да се видат голем број од манастирите. После крстарењето враќање во Уранополис. Слободно време за ручек, прошетки и запознавање со градчето. Во доцните попладневни часови враќање во Ставрос. Слободно време. Ноќевање.

   

3 ден (30.04.2018 – понеделник): СТАВРОС – АЛИСТРАТИ – КАВАЛА  

Во утринските часови поаѓање за факултативна посета на пештерата Алистрати и Кавала со стручен водич. Пристигнување во областа Алистрати пред пладне. Посета на пештерата Алистрати, која зафаќа површина од 14.000м2 и е најубава и  најбогата со природни формации пештера во Грција, а можеби и Европа.  Излетот продолжува со посета на Кавала, белиот град покрај море. Разглед на градот и слободно време за ручек, прошетки, шопинг и уживање покрај море. Во донците попладневни часови враќање во Ставрос. Ноќевање.

  

4 ден (01.05.2018 – вторник): СТАВРОС – ВОДЕН – БИТОЛА

Слободно претпладне за прошетки низ Ставрос. Околу пладне поаѓање за Македонија со попатна посета на Воден. Пристигнување во Воден после пладне. Слоодно време за прошетки низ градот и посета на водопадите. Продолжување на патувањето кон Битола. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 3.840,00 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • автобуски превоз на горенаведената релација

  • 3 ноќевања во вила Ципос во Ставрос

  • посета на центарот на Солун

  • посета на Cosmos, Jumbo, Ikea

  • посета на Воден и водопадите

  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

  • патничкото осигурување

  • излет со стручен водич и крстарење на Атос - 20€ по лице (мин. 30 за реализација)

  • посета на Алистрати и Кавала со стручен водич - 15€ по лице (мин. 30 за реализација)

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување