
СОЛУН | МЕТЕОРИ
1 ден (02.03.2019 – сабота): ОХРИД – БИТОЛА – СОЛУН
Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во 04:45 часот пред спортската сала “Младост”. Поаѓање во 05:00 часот за Солун. Патувањето води преку г.п. Meџитлија, Воден, Јаница... пристигнување во делот на Солун каде се наоѓаат најголемите трговски центри (Cosmos, Ikea, Jumbо). 3 часа слободно време за шопинг. Упатување кон центарот на градот. 2 часа слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот, шопинг, посета на знаменитости: плоштадот Аристотелис, црквата Св. Димитрија, Белата Кула или крстарење по крајбрежјето. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и прошетки и уживање во ноќниот живот кој Солун го нуди. Ноќевање.
2 ден (03.03.2019 – недела): СОЛУН – МЕТЕОРИ – БИТОЛА – ОХРИД
Појадок. После појадокот, одјавување од хотелот и поаѓање за Метеори. Околу пладне, пристигнување на Метеори, каде имаме посета на еден или два од неколкуте Византиски манастири (манастирот Свето Преображение и манастирот Варлаам) кои се надвиснуваат над Каламбака. По разгледот – посета на работилница за изработка на црковни предмети и икони, кои се изработуваат според древната црковна традиција. Можност за факултативен ручек во некоја од многуте таверни во Каламбака и слободно време за прошетка низ улиците на малото гратче... Состанок на групата во претходно договорено време и планирано поаѓање за Битола во доцните попладневни часови. Трансфер за патниците од другите градови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 2.980,00 денари
Цената на аранжманот вклучува:
-
автобуски превоз на горенаведената релација
-
посета на Космос, Џамбо, Икеа
-
1 ноќевање со појадок во хотел со 3* во Солун
-
посета на Метеори
-
посета на работилница за икони
-
посета на Каламбака
-
организација, водство и реализација на аранжманот
Цената на аранжманот не вклучува:
-
влезници за манастирите (3€ за секој манастир)
-
патничкото осигурување
Напомена:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.