САРТИ | ВИЛА ПАНАЈОТА

Локација

Вилата се наоѓа во новиот дел на Сарти, каде водата е најплитка и е идеална за со деца и лица кои сакаат мирен и релаксиран одмор. Лоцирирана е на 1км до центарот на Сарти. Во нејзина близина има 2 таверни и супермаркет со пекара, како и неколку бич барови на плажа.

 

GPS Координати: 40.080592 23.979175

Плажа: 100 метри од песочна плажа.

 

Опис на објектот: Сите соби содржат: сопствен тоалет, ТВ, интернет, чајна кујна, тераса, клима со доплата од 5еур.

1/3 еко студио на приземје – со помала тераса лоцирана на преминот кон другите соби, комплетно ново изградени и реновирани

1/3 студио на приземје – со поголема тераса, комплетно ново изградени и реновирани

1/3 студио на 1ви спрат

1/4 студио на приземје или 1 спрат; таа на приземје е исто така реновирана.

 

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Услови за "early booking": За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

 

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

Wi-fi: вклучен во цената.

Клима уред: доплата од 5 евра на ден на лице место.

 

Во цената не е вклучен превоз.

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот, а цената за истиот изнесува:

За возрасни (35 евра)

За деца до 12 години (25 евра)

Деца до 2 години бесплатно, без седиште

 

Поаѓање од: Скопје, Велес, Неготино, Удово и Граничен премин Богородица.

Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“), а состанок на групата е во 02:30 минути.

Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.

Клиентите кои не користат организиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.

1/1

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,

Попустите не може да се комбинираат,

Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 год. во кревет со родител,

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

Важат Општите услови на патување.

 

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

По завршувањето на Вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба.

Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на студиото/апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.

Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување