Ф.jpg

САРАЕВО со БОСАНСКИ ПИРАМИДИ

Малото гратче Високо ја крие мистеријата на петте пирамиди, онаа на Сонцето, Пирамидата на Месечината, на Змејот, на Мајката Земја и Пирамидата на Љубовта. Со својата висина од 220 метри, Пирамидата на Сонцето во Високо, Босна и Херцеговина, е најголемата пирамида во светот, поголема и од грандиозната Кеопсова Пирамида.
Повеќе од 10 години Босанските Пирамиди ги посетија милиони туристи. Ова е Вашата шанса да ги посетите и да ја почувствувате енергијата на најстарите пирамиди во светот.


 
1. ДЕН (03.03.2022 – петок): МАКЕДОНИЈА – БиХ
Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во Битола во 20:00 часот и заминување за Сараево со попатни паузи и царински формалности.

2. ДЕН (04.03.2022 – сабота): ВИШЕГРАД – САРАЕВО 
Пристигнување во Вишеград  во раните утрински часови , можност за факулативно крстарење на Дрина и разглед на Камен град. Потоа замиување за  Сараево. Сместување во хотел. Во попладневниете часови разглед на Сараево со локален водич знаменитотите: Хусревбеговата џамија, Катедралата, Принциповиот мост, местото на атентатот на Франц Фердинанд и др. Слободно време за прошетка низ познатата Баш чаршија, каде може да уживате во разгледувањето на дуќаните кои нудат разновидни сувенири. Слободно време. Ноќевање.

3. ДЕН (05.03.2022 – недела): ЈАБЛАНИЦА – КОЊЕЦ – МОСТАР
Доручек. По доручекот групата заминува кон Мостар. Градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Во Мостар групата го разгледува градот со локален туристички водич. Се посетуваат стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. По целосно исцрпување на градот, следува слободно време за ручек во прекрасните традиционални кафеани кадешто може да се најдат најдобрите босански кебапи. По збогувањето со Мостар, Јабланица не пречекува со приказната за „Неретва“. Срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ, е дел од нашата програма. Групата ќе има можност да го посети местото каде што е снимен познатиот филм „Битка за Неретва ‘’ И Титовата Арка - атомската скривница која своеверемено ила најскапата инвестиција во Југославија .Враќање во Сараево . Слободно време за одмор. Организирана вечера во кафена или ресторан. (Факултатива). Ноќевање

4. ДЕН (06.03.2022 – понеделник): ВИСОКО – МАКЕДОНИЈА
Доручек . По доручекот  посета на  местото Високо  - каде се наоѓаат едни од најстарите пирамиди и енергетски полиња во светот - Босанските пирамиди - полудневна  факултативна посета на пирамидите. Средба со локален водич: локација  Белведере  - видиковец со поглед кон пирамидите, подземниот лавиринт Равне , Музејот на фондацијата во кој се изложени дел од артефактите кои беа пронајдени во и околу пирамидите. Заминување за Македонија  во попладневните часови.

 


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 69 евра (промо цена) / ПОСЛЕДНИ МЕСТА

(Редовна цена: 6.900.оо мкд) 
 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз на релација Битола – Сараево – Битола 
- 2 ноќевања во хотелско сместување со појадок
- Посета на Вишеград
- Разглед на Сараево со локален водич
- Придружник за време на патувањето од страна на агенција

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса по лице (се плаќа во автобус задолжително) - 2 евра по лице
- Посета на Мостар,Коњец,  Јабланица - 35е ( се плаќа во автобус). За реализација на ова екскурзија е потребен број од 30 патници со претходна пријава во агенција.
- Посета на Босанските пирамиди- 25е (се плаќа автобус). За реализација на ова тура е потребен број од 20 патници со претходна пријава во агенција
- Kрстарење по Дрина- 5е по лице


Напомена: За патување во Босна и Херцеговина, потребни ви се лична карта или пасош.